0-5 Верона - Фјорентина (10 септември 2017)[3] Каљари-Наполи (26 февруари 2018)[2] Сампдорија-Интер (18 март 2018)[4] Верона-Аталанта (18 март 2018)[4]
Натпревар со најмногу голови
2-6 Удинезе-Јувентус (22 октомври 2017) 6-2 Лацио-Беневенто (31 март 2018)[5]
Серија А 2017-2018 била 116-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 86 сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 19 август 2017, а завршила на 20 мај 2018 година.
На 13 мај 2018, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после ремито 0-0 на гостувањето во Рим кај Рома. Најголем конкурент на Јувентус за титулата во оваа сезона бил Наполи кој завршил на второто место со 4 бода помалку од шампионот. Екипите на Рома и Интер ги освоиле третото и четвртото место и заедно со Јувентус и Наполи играле во групната фаза на Лигата на шампионите 2018-2019.
Најдобри стрелеци за сезоната биле Чиро Имобиле од Лацио и Мауро Икарди од Интер со 29 постигнати гола.
Општо
Трите нови екипи кои избориле промоција во Серија А биле СПАЛ, Верона и Беневенто.[12] СПАЛ се вратил во Серија А за првпат по 49 години откако последно таму играле во сезоната 1967-1968,[13] Верона се вратила по само една сезона пауза откако испаднале во сезоната 2015-2016, додека Беневенто кој им се приклучил преку плејофот бил дебитант во највисоката дивизија на италијанскиот фудбал.[14]
Од гледна точка на правилата се истакнува воведувањето на VAR технологијата (откако била тестирана во текот на претходната сезона) и укинувањето на дополнителните помошници судии зад головите.[15]
Конечно, почнувајќи од оваа сезона, како резултат на промената на правилата на натпреварувањето, италијанското првенство ќе дава 4 екипи кој директно ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите.[16] Последен пат кога 4 италијански екипи биле во групите на Лигата на шампионите (во тој случај, 3 биле директно квалификувани плус 1 преку плеј-оф квалификациската рунда) било изданието 2009-2010, издание кое подоцна го освоил Интер (моментално последен успех на еден италијански клуб во најсилното европско натпреварување). Исто така од оваа сезона шесто или седмо пласираниот тим (седмиот, само ако победникот на Купот на Италија веќе ќе се квалификувал за некое европско натпреварување преку првенството) ќе играат во Лига Европа од втората преелиминарна рунда а не од третата, како што беше случај во тековната сезона.[17]
Калчомеркато
Летна сесија
Во пресрет на новата сезона во првенството, најактивни екипи на пазарот биле Јувентус на Алегри и Милан на Монтела:
бјанконерите изненадувачки го загубиле Бонучи кој заминал во соперничкиот табор на росонерите, кои, од своја страна, се поздравиле со Де Шиљо кој му се приклучил на Јувентус.[18][19] Редовите на шесткратните италијански шампиони во последните шест години, исто така, ги засилиле Бернардески,[20] и Даглас Коста доведени соодветно од Фјорентина и Бајерн Минхен.[21]
Исто така, голем број трансфери на пазарот направил Милан, мотивирани од враќањето во Европа и новиот кинески сопственик подготвен да инвестира,[22] во дополнение на гореспоменатиот Бонучи во клубот меѓу другите стигнале и Кесие, Чалханоглу, Биља, Андре Силва и Калиниќ.[23]
Останатите екипи кои исто така имале за цел да се квалификуваат во најсилното европско натпреварување имале различни стратегии на пазарот, Наполи на Сари избрал да го зачува составот од претходната сезона[24] додека Интер и Рома започнале нови проекти со нови тренери на својте клупи: доскорашниот тренер на џалороситеЛучано Спалети пристигнал на клупата на нероаѕурите[25] додека клубот од главниот град го назначил Еузебио Ди Франческо, кој дошол во клубот по неколку добри сезони како тренер на Сасуоло.[26] Двете екипи се обиделе да го засилат тимот што им бил достапен на новите тренери, па затоа во Интер пристигнале Шкриниар од Сампдорија и поранешните фудбалери на Фјорентина Борха Валеро и Весино,[27] додека во Рома пристигнале Коларов, Гоналон и Шик, и покрај тоа што некои важни играчи претходно си заминале како што се Ридигер, Паредес и Салах.[28] Наместо нив, Лацио на Симоне Инѕаги морал да се справи со значителни продажби, како што биле оние на гореспоменатиот Биља и Кеита, кои ги замениле со Лукас Леива и Нани.
Зимска сесија
Зимската сесија на трансфер пазарот не евидентирала големи операции: Јувентус не довел никој па единствената нивна операција била излезна, преќајќи го Пјаца на заем во Шалке 04; истото важи и за Наполи, кој им ги позајмил Максимовиќ и Џакерини, соодветно на Спартак Москва и Кјево, но не успеале да реализираат купување на друг напаѓач што било желба на нивниот тренер.[29] Меѓу најактивните екипи во зимската сесија бил Интер, кој се засилил со пристигнувањето на Лисандро Лопес од Бенфика[30] и Рафиња од Барселона,[31] додека во исто време ги продале Нагатомо на Галатасарај и Жоао Марио на Вест Хем Јунајтед; спртоивно на нив, Милан не извршил никаков вид на значителна операција на пазарот, ниту влезна ниту излезна. Рома го загубила Емерсон кој заминал во Челси (го замениле со Џонатан Силва), но пред сè успеале да издржат на притисокот на истиот лондонски тим за да го задржат напаѓачот Џеко,[32] додека единствениот трансфер на Лацио бил Касерес кој дошол од Верона. Меѓу останатите екипи, вреди да се истакне Сасуоло, кој се засилил со доаѓањето на напаѓачот Бабакар од Фјорентина, во замена за Фалчинели, кој и се приклучил на виола.
Настани
Прв дел од сезоната (Андата)
Првиот месец од сезоната август не донел некој поголеми изненадувања, бидејќи екипите од "големата тројка" (Интер, Милан и Јувентус) веднаш го окупирале врвот на табелата со максимален број на бодови откако победиле во првите два натпревари, исто како и Сампдорија и Наполи,[34][35][36] но невообичаена ситуација имало на дното на табелата каде покрај новакот Беневенто се нашле и екипи од кој се очекуваше многу повеќе како Фјорентина, Аталанта, Удинезе и Каљари (сите без бодови по две кола).[37] Веќе септемвриската слика е многу попрецизна.[38] Поразите од Лацио, Сампдорија и Рома го оддалечиле Милан од врвот,[39] a тој останал окупиран од Наполи и Јувентус, додека Интер бил веднаш зад нив.[40]
Во седмото коло од сезоната, искористувајќи го првиот кикс на актуелните италијански шампиони (нерешено 2-2 против Аталанта), наполитанците го преземале водството во првенството, останувајќи осамени на врвот со два бода предност.[41][42] Во месеците октомври и ноември Наполи сè уште без пораз водел на табелата; а во потрага по нив биле Интер, Јувентус, Лацио и Рома, додека Милан на Винченцо Монтела (поразен во сите директни натпревари со првите пет) сè повеќе заостанувал зад наведените екипи. На другиот крај на табелата, на самото дно, ситуацијата на новопромовираниот Беневенто била многу тешка, поставувајќи негативен рекорд од 14 последователни порази од почетокот на сезоната.
Во текот на месец декември се регистрирани две промени на врвот на табелата; Наполи е за првпат поразен во ова првенство со 1-0 на домашен натпревар од Јувентус (со голот на некогашниот играч на Наполи, Игуаин), и во истото тоа коло е престигнат од Интер, кој пак е престигнат од Наполи и Јувентус две недели подоцна откако тие го регистрирале својот прв сезонски пораз со 1-3 на домашен терен од Удинезе.[43][44] На дното на табелата, во меѓувреме, Беневенто го пронашол својата прв историски бод во Серија А во ремито 2-2 против Милан (кој сега бил воден од страна на Џенаро Гатузо, по отпуштањето на Монтела).[45] По завршувањето на последното коло од првиот дел на првенството, Наполи и понатаму бил водач на табелата со бод предност во однос на Јувентус, додека Интер се чини дека го загубил тлото кога е во прашање Битката за врвот.
Втор дел од сезоната (Риторно)
На почетокот од вториот круг била потврдена сликата од крајот на годината: во битка за скудетото се издвоиле Наполи и Јувентус, при што партенопеите водат на пласман и ги принудуваат бјанконерите да ги следат, додека за преостанатите места кој водат во Лигата на шампионите за следната сезона во борба биле Интер, Рома и Лацио. На дното, покрај Беневенто кој сè повеќе и повеќе се оддалечувал од сигурната зона која носи опстанок и сè повеќе изгледал закован на дното на табелата (иако во меѓувреме успеале да дојдат до првите долгоочекувани победи во лигата против Кјево и Сампдорија), регистрирана е како и обично голема борба, меѓу 7 тима кој во разлика од само 6 бода. Месецот февруари не понудил големи пресврти; освен што може да се евидентира малото одлепување на Наполи од Јувентус, кој го искористил одложувањето на натпреварот Јувентус-Аталанта да дојде до предност од +4,[46] и враќањето на Милан, кој под водството на Гатузо се чини дека повторно ја пронашол играта и резултатите, скратувајќи го јазот до екипите кој се борат за место во Лигаата на шампионите[47](како и до Сампдорија, која била меѓу откровенијата на сезоната). Сасуоло и Кротоне во овој дел од сезоната се соочуваат со потешкотии, кои ги тераат загрижувачки да гледаат код пад во зоната за испаѓање (окупирана во тој момент од новаците СПАЛ, Верона и Беневенто).
27-мото коло од сезоната е нарушено со изненадната смрт на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина, неколку часа пред натпреварот против Удинезе: Лигата ги одложи сите седум натпревари кој биле закажани за тој ден, вклучувајќи го и дербито на Милано, кое исто така било закажано за тој ден (другите три натпревари биле одиграни во сабота, ден пред смртта на Астори).[48][49]
Во следниот коло забележано е престигнувањето на врвот на табелата: Наполи одиграл нерешено со Интер[50] и, исто така, поради поразот дома од Рома една недела претходно, му го препуштаат првото место на актуелниот шампион Јувентус.[51] Три дена подоцна, бјанконерите победиле во одложениот натпревар против Аталанта и стигнале до +4.[52] Оваа дистанца помеѓу првите два тима на табелата останала актина сè до нивниот меѓусебен натпревар во 34-тото коло, и покрај некои обиди на Јувентус за зголемување на предноста: во Торино сепак победуваат небесно сините (со 1-0 со голот на Кулибали во 90-тата минута), и ја скратил предноста на противникот на -1.[53] По истото ова коло, Беневенто била првата екипа што и математички испаднала во Серија Б.[54] Сепак, веќе во следното коло, Јувентус се вратил на +4, победувајќи го Интер на Сан Сиро во Дербито д'Италија и искористувајќи го катастрофалниот пораз на Наполи на гостувањето кај Фјорентина ден подоцна.[55][56] Името на втората екипа која испаднала било познато по 36-тото коло, кога Верона загубила со 4-1 од Милан и му се приклучила на Беневенто како уште една екипа која се вратила во Серија Б после само една сезона во највисоката италијанска лига.[57]
Сликата околу конечниот поредок станала подетална во 37-мото коло, кога поразот на Интер од Сасуоло и овозможил на Рома и математички да избори место во Лигата на шампионите.[59] Во неделата попладне, Милан го осигурал своето место во Лигата на Европа благодарение на ремито 1-1 со еден од директните конкуренти, екипата на Аталанта.[60] двојната вечерна програма, го донела и името на шампионот за оваа сезона, тоа бил Јувентус кој одиграл нерешено 0-0 на гостувањето кај Рома, што му било доволно да го осигура историското седмо скудето едноподруго во последните 7 години или нивно 34-то во клупската историја;[61] истата вечер згаснале надежите на двете екипи кој играле натпревар во Џенова - Сампдорија и Наполи, Наполи победил со 2-0 но таа победа не им донела ништо затоа што истата вечер ги загубиле шансите за скудетото (веќе ја имале осигурано втората позиција на табелата), додека поразот за Сампдорија значел и дефинитивен крај на шансите за изборување на квалификациите за Лигата на Европа.[60] Сценаријата за тоа кој ќе го освои четвртото место и последната екипа која ќе испадне од лигата останале отворени до последното коло, поради ремито помеѓу Кротоне и Лацио: бјанкочелестите ја зголемиле својата предност во однос на Интер на 3 бода во пресрет на нивниот директен судир закажан за последното коло, додека за питагорејците патот за спасување втора година по ред во последното коло останал отворен.[62]
Испаѓањето на Кротоне во претходното коло било само одложено, бидејќи поразот од Наполи (кој воспоставил свој сопствен клупски рекорд по бројот на освоени бодови во една лига, а за првпат во историјата на лигата еден клуб кој достигнал до 91 бод завршил како втор во пласманот) во последната рунда ги осудува на испаѓање во Серија Б, по две сезони во елитната италијанска конкуренција.[63] Нивното испаѓање значело спас и опстанок во лигата за Удинезе, Кјево, СПАЛ и Каљари;[64]
сардинијците исто така сами си ја завршиле работата победувајќи ја Аталанта, која завршила на седмото место: поразот на Фјорентина од Милан, всушност, ја исклучил виола од Европа, во корист на токму на Аталанта, која ќе мора да започне со натпреварувањето од втората рунда на квалификации.[65] Дилемата за последното слободно место кое води во Лигата на шампионите била решена во корист на Интер, кој го победи Лацио со 3-2, и го престигнал на табелата, поради фактот што бил подобар во меѓусебните натпревари. Така, бјанкочелестите завршиле во групната фаза од Лигата на Европа, заедно со Милан.[66]
Рангирањето на најдобрите стрелци е завршено со поделба на првото место, помеѓу најдобриот стрелец на бјанкочелестите и нероаѕурите: Имобиле и Икарди, секој од нив постигнал по 29 голови.[67] За двајцата ова е вторпат во кариерата да бидат најдобри стрелци во италијанското првенство: аргентинецот исто така ја освоил оваа награда пред 3 години, и тогаш завршувајќи со еднаков број голови со друг играч (во тој случај Тони од Верона, со по 22 гола), додека Имобиле веќе бил најдобар стрелец пред 4 години.[67]
За тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ова било петто лично скудето во кариерата (4 со Јувентус и 1 со Милан), со што тој се изедначил со Фабио Капело и Марчело Липи по бројот на освоени титули во италијанското првенство останувајќи единствено само зад Џовани Трапатони. Исто така тој станал само вториот тренер (по Карло Каркано) кој успеал да освои 4 шампионски титули едноподруго со кој било клуб.
Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.
АТА
БЕН
БОЛ
КАЉ
КЈЕ
КРО
ФЈО
ЏЕН
ИНТ
ЈУВ
ЛАЦ
МИЛ
НАП
РОМ
САМ
САС
СПА
ТОР
УДИ
ВЕР
Аталанта
––––
1-0
1-0
1-2
1-0
5-1
1-1
3-1
0-0
2-2
3-3
1-1
0-1
0-1
1-2
2-1
1-1
2-1
2-0
3-0
Беневенто
0-3
––––
0-1
1-2
1-0
3-2
0-3
1-0
1-2
2-4
1-5
2-2
0-2
0-4
3-2
1-2
1-2
0-1
3-3
3-0
Болоња
0-1
3-0
––––
1-1
1-2
2-3
1-2
2-0
1-1
0-3
1-2
1-2
0-3
1-1
3-0
2-1
2-1
1-1
1-2
2-0
Каљари
1-0
2-1
0-0
––––
0-2
1-0
0-1
2-3
1-3
0-1
2-2
1-2
0-5
0-1
2-2
0-1
2-0
0-4
2-1
2-1
Кјево
1-1
1-0
2-3
2-1
––––
2-1
2-1
0-1
1-2
0-2
1-2
1-4
0-0
0-0
2-1
1-1
2-1
0-0
1-1
3-2
Кротоне
1-1
2-0
1-0
1-1
1-0
––––
2-1
0-1
0-2
1-1
2-2
0-3
0-1
0-2
4-1
4-1
2-3
2-2
0-3
0-0
Фјорентина
1-1
1-0
2-1
0-1
1-0
2-0
––––
0-0
1-1
0-2
3-4
1-1
3-0
2-4
1-2
3-0
0-0
3-0
2-1
1-4
Џенова
1-2
1-0
0-1
2-1
1-1
1-0
2-3
––––
2-0
2-4
2-3
0-1
2-3
1-1
0-2
1-0
1-1
1-2
0-1
3-1
Интер
2-0
2-0
2-1
4-0
5-0
1-1
3-0
1-0
––––
2-3
0-0
3-2
0-0
1-1
3-2
1-2
2-0
1-1
1-3
3-0
Јувентус
2-0
2-1
3-1
3-0
3-0
3-0
1-0
1-0
0-0
––––
1-2
3-1
0-1
1-0
3-0
7-0
4-1
4-0
2-0
2-1
Лацио
1-1
6-2
1-1
3-0
5-1
4-0
1-1
1-2
2-3
0-1
––––
4-1
1-4
0-0
4-0
6-1
0-0
1-3
3-0
2-0
Милан
0-2
0-1
2-1
2-1
3-2
1-0
5-1
0-0
0-0
0-2
2-1
––––
0-0
0-2
1-0
1-1
2-0
0-0
2-1
4-1
Наполи
3-1
6-0
3-1
3-0
2-1
2-1
0-0
1-0
0-0
0-1
4-1
2-1
––––
2-4
3-2
3-1
1-0
2-2
4-2
2-0
Рома
1-2
5-2
1-0
1-0
4-1
1-0
0-2
2-1
1-3
0-0
2-1
0-2
0-1
––––
0-1
1-1
3-1
3-0
3-1
3-0
Сампдорија
3-1
2-1
1-0
4-1
4-1
5-0
3-1
0-0
0-5
3-2
1-2
2-0
0-2
1-1
––––
0-1
2-0
1-1
2-1
2-0
Сасуоло
0-3
2-2
0-1
0-0
0-0
2-1
1-0
0-0
1-0
1-3
0-3
0-2
1-1
0-1
1-0
––––
1-1
1-1
0-1
0-2
СПАЛ
1-1
2-0
1-0
0-2
0-0
1-1
1-1
1-0
1-1
0-0
2-5
0-4
2-3
0-3
3-1
0-1
––––
2-2
3-2
2-2
Торино
1-1
3-0
3-0
2-1
1-1
4-1
1-2
0-0
1-0
0-1
0-1
1-1
1-3
0-1
2-2
3-0
2-1
––––
2-0
2-2
Удинезе
2-1
2-0
1-0
0-1
1-2
1-2
0-2
1-0
0-4
2-6
1-2
1-1
0-1
0-2
4-0
1-2
1-1
2-3
––––
4-0
Верона
0-5
1-0
2-3
1-0
1-0
0-3
0-5
0-1
1-2
1-3
0-3
3-0
1-3
0-1
0-0
0-1
1-3
2-1
0-1
––––
Календар
Извлекувањето на календарот се одржало на 26 јули 2017 година.[93][94]
↑Ќе учествуваат во УЕФА Лига Европа 2018-2019 благодарение на победата во Куп на Италија 2017-2018 на екипа која веќе се квалификувала за УЕФА Лигата на шампионите (Јувентус) преку првенството.