Џовани потекнува од фудбалско семејство. Тој е син на поранешниот фудбалер и моментален тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и на моделот Каролина Балдини.[2][3][4][5] Познат е под прекарот Ел Чолито,[6] што е деминутив од прекарот на неговиот таткото, кој бил наречен Ел Чоло. Дури и неговите браќа Џанлука и Џулијано исто така ја започнале истата кариера.[7]
Технички карактеристики
Елегантен, но физички моќен напаѓач, кој е способен да игра било каде во напаѓачката линија на својот тим; во својата кариера бил користен како втор напаѓач, централен напаѓач и како главен (осамен) напаѓач.[8] Тој е компетентен и ефикасен финишер кој добро се служи со двете нозе, и покрај тоа што е природно деснак. Како силен и мошне енергичен играч, Симеоне е познат и по својата тимска работа пред сè со придонесите во дефанзива без топка, спуштајќи се често во средниот ред, со цел да му помогне на својот тим да ја врати топката назад во свој посед. Исто така е опремен со одлична брзина и умее интелегентно да се движи на противничката половина кога неговиот тим напаѓа, што му овозможува да создаде простор и да обезбеди длабочина во нападот на неговиот тим но и да игра на работ на офсајдот.[9]
Клупска кариера
Ривер Плејт и Банфилд
Џовани Симеоне ја започнал својата кариера во екипата на Ривер Плејт, приклучувајќи му се на клубот во 2008 година на возраст од 13 години. Откако напредувал низ младинските категории, Симеоне потпишал тригодишен професионален договор со клубот во ноември 2011 година.[10] Во јули 2013 година, бил повикан во првиот тим за пријателските натпревари од претсезоната.[11] Симеоне го направил своето деби во лигата на 4 август 2013, започнувајќи како стартер и играјќи ги сите 90 минути во поразот од Химнасија Ла Плата со 0-1.[12] Подоцна истиот месец тој го обновил договорот, потпишувајќи до 2016 година.[13] Својот прв професионален гол Симеоне го постигнал на 8 септември, во победата на домашен терен над Тигре со 3-0.[14] Вкупно за Ривер Плејт одиграл 33 натпревари и постигнал 4 гола.
На 13 јануари 2015, екипата на Банфилд направила понуда со која го побарале младиот напаѓач, кој никако не можел да добие простор за игра во континуитет во Ривер Плејт, да дојде на заем во овој клуб кој исто така се натпреварувал во Примера Дивисион на Аргентина (највисоката фудбалска лига во Аргентина).[15][16] Договорот бил склучен шест месеци подоцна и на 6 јули 2015, Симеоне му се придружил на клубот на заем до крајот на сезоната.[17] На 12 јули 2015 година, тој го направил своето деби за Банфилд постигнувајќи го притоа победничкиот гол во победата со 1-0 над Килмес.[18] За Банфилд одиграл 34 натпревари и постигнал вкупно 12 гола.
Џенова
На 18 август 2016, Симеоне потпишал за италијанската Џенова во трансфер вреден 3 милиони евра.[19][20] Џенова најпрво откупила 65% од договорот на играчот,[21] а потоа и останатите 35% во јануари 2017 година.[22] На 18 септември дебитирал во Серија А во дресот на Џенова во поразот со 2-0 на гостувањето кај Сасуоло.[23] На 25 септември, тој го постигнал својот прв гол за грифоните, во ремито 1-1 на домашен терен против Пескара. На 27 ноември Симеоне постигнал два гола, во победата на домашен терен со 3-1 над Јувентус. Сезоната ја завршил со вкупно 13 постигнати голови (12 во Серија А и 1 во Купот на Италија).
Фјорентина
На 16 август 2017 година, Симеоне се преселил во Фјорентина за сума од 15 милиони евра плус 3 милиони во бонуси,[24][25] потпишувајќи петгодишен договор до јули 2022.[26] На 20 август дебитирал за виола во поразот од Интер со 3-0 на Џузепе Меаца. Својот прв погодок во дресот на Фјорентина го постигнал на 10 септември во победата со убедливи 5-0 на гостувањето кај Хелас Верона.[27] Во неделата од 31 март до 7 април 2018, Симеоне постигнал гол во три натпревари по ред помагајќи и на Фјорентина да оствари три победи над Кротоне (дома 2-0), Удинезе (гости 2-0) и Рома (гости 2-0). На 29 април 2018, го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 3-0 на домашен терен над Наполи.[28]
↑Blair Newman; Luca Hodges-Ramon; Richard Hall; Franco Ficetola; Mark Neale; Emmet Gates (24 January 2017). „The 50 best young footballers in Italy“. The Guardian. Посетено на 15 February 2017.
↑„El "bautismo" para los pibes“ [The "baptism" for the kids] (шпански). La Página Millonaria. 16 јули 2013. Архивирано од изворникот на July 19, 2013. Посетено на October 17, 2014.
↑„Banfield festejó por Giovanni Simeone“ [Banfield celebrated by Giovanni Simeone]. Argentine Football Association. 12 July 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-29. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)