Сузуки (јапонски: スズキ株式会社) — јапонски производител на автомобили и мотоцикли. Седиштето на претпријатието се наоѓа во Хамамацу, во областа Шизука.
Во 2016 година, Сузуки бил единаесеттиот најголем производител на автомобили во светот.[1] Претпријатието има над 45 000 вработени кои работат во 35 производствени погони во 23 земји, а освен тоа има и 133 продавачи во 192 земји. Мерено според обемот на продажбата, Сузуки се наоѓа на десеттото место на списокот на најголемите светски автопроизводители,[2] додека во Јапонија се наоѓа на третото место.[3] Исто така, Сузуки се наоѓа на третото место во Јапонија, мерено според продажбата на мотоцикли.[4]