Максим Гоналон (француски изговор: [maksiːm ɡɔnɑlɔ̃]; роден на 10 март 1989 г.) — француски фудбалер од средниот ред кој игра во италијанскиот клуб Рома.
Клупска кариера
Олимпик Лион
Гоналон бил дел од Олимпик Лион од 10-годишна возраст и во клубот ги поминал сите возрасни категории. На 6 јули 2009, Гоналон од младинскиот тим на Олимпик Лион бил префрлен во сениорскиот тим и го потпишал својот прв професионален договор во кариерата кој бил со важност од една година. Клубот имал можност да го задржи за следните две сезони откако договорот ќе истекол.[1] Тој го добил бројот 41 и бил дел од подготовките на Олимпик Лион за новата сезона. Својот прв натпревар за клубот, Гоналон го одиграл на 25 август 2009 во вториот натпревар од плеј-офот од Лигата на Шампионите 2009/10 против Андерлехт влегувајќи од клупата во 73. минута од натпреварот заменувајќи го Жереми Тулалан.[2]
На 20 октомври, откако влегол во 42. минута заменувајќи го повредениот Крис, Гоналон го постигнал својот прв гол за Олимпик Лион против Ливерпул на Енфилд, во натпревар од групната фаза од Лигата на Шампионите, кој Олимпик Лион го добил со 2–1. На 16 јануари 2010, Гоналон го постигнал својот прв гол во француската лига 1 против Нанси. Десет дена подоцна, Гоналон потпишал нов четиригодишен договор и се обврзал да остане во клубот до 2014 година.[3] Во јануари 2013, тој ја преземал капитенската лента од аргентинецот Лисандро Лопес, и на својот прв натпревар како капитен, против Троја, го постигнал водечкиот гол во победата од 2–1 на Олимпик Лион во француското првенство.
Рома
На 3 јули 2017 година, Гоналон потпишал четиригодишен договор со Рома.[4][5]
Репрезентација
Гоналон го одиграл својот прв сениорски натпревар за Франција против САД на 11 ноември 2011 година.
Титули
- Олимпик Лион
Наводи
Надворешни врски