Нов Зеланд (англиски: New Zealand, маорски: Aotearoa) — островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Службеното име на Нов Зеланд на маорски е Аотеароа, што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“. Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот.
Потекло на поимот
Денес не е познато дали Маорите ја нарекувале целата држава со денешното маорско име, бидејќи Северниот Остров го нарекуваат Те Ика а Мауи (Te Ika a Māui или „Рибата на Мауи“), додека Јужниот Остров го нарекуваат Те Ваи Поунаму (Te Wai Pounamu или „Водите на зелениот камен“) или со другото име Те Вака о Аораки (Te Waka o Aoraki или кану на Аораки). Сè до 20 век, Северниот Остров се нарекувал Аотеароа или во превод „земја на долгиот бел облак“, додека денес тој назив се користи кај маорите за целата држава Нов Зеланд.
Првото европско име за Нов Зеланд било Штатен Ланд (Staten Landt), име кое било дадено од холандскиот истражувач Абел Тасман кој во 1642 година бил првиот Европеец кој ги посетил островите. Подоцна името било променето во Нов Зеланд (Nova Zeelandia) по холандската покраина Зеланд.
Нов Зеланд е една од најскорешните големи копнени маси кои биле населени. Првите доселеници биле источните полинезијци, најверојатно во повеќе миграциски бранови пред 700 или 2000 години. Овие доселеници развиле своја култура и нација- Маори. Нацијата биле поделена на племиња и потплемиња.
Првите европски доселеници кои дошле во Нов Зеланд биле холандскиот морепловец Абел Тасман и неговиот екипаж во 1642. Подоцна на островите дошол и британскиот морепловец Џејмс Кук во 1768/1771.
Подоцна Нов Зеланд бил дел од Британската Империја, поточно бил дел од тихоокеанската колонија тогаш позната како Нов Јужен Велс. Во 1840 година, Нов Зеланд станал посебна колонија.
Нов Зеланд е составен од два големи острови, Северен Остров и Јужен Остров или Те Лка и Те Ваи поунаму, и од поголем број мали острови. Куковиот проток ги дели двата големи острови и е долг 20 км. Вкупната површина на Нов Зеланд е 268.680 км квадратни. Државата се протега 1600 км во должина и има брег од 15.134 километри.
Јужниот Остров е најголемиот остров во Нов Зеланд и највисокиот врв е Кукова Планина (Аораки) со 3754 метри. Највисока планина на Северниот Остров е Руапеху со 2797 метри.
Во текот на историјата сировинската индустрија имала важна позиција во стопанството на Нов Зеланд, вклучувајќи фоколов, китоловство, новозеландски лен, злато, каури гума и дрвени материјали за градба.[11] Со развојот на ладилниците во текот на 1880-тите години, месото и млечните производи биле извезувани во Британија, што било основа за јак економски развој на Нов Зеланд.[12] Големата побарувачка за земјоделски производи во Обединетото Кралство и САД овозможила животниот стандард на Нов Зеланд да биде повисок отколку во Австралија и Западна Европа во текот на 1950-тите и 1960-тите години.[13] Кога Обединетото Кралство ѝ пристапило на Европската заедница новозеландскиот извозен пазар се намалил,[14] што заедно со нафтената криза во 1973 година и енергетската криза во 1979 година, довело до економска депресија.[15] Животниот стандард опаднал во однос на Австралија и државите на западна Европа, а во 1982 година, личните приходи на Новозеланѓаните биле од сите развиени земји за кои групата на Светската банка изработила проценка.[16] По 1984 година, бројни влади спроведувале структурни макроекономски реформи (познати како англиски: Rogernomics и англиски: Ruthanasia) кога протекционистичкото стопанство било заменето со либерално слободно стопанство.[17][18]
Невработеноста била највисока во 1991 и 1992 година кога изнесувала над 10 %,[19] како резултат на сломот на берзата во 1987 година, но до 2007 потполно закрепнал кога невработеноста изнесувала 3,4 % (што го ставило Нов Зеланд на петтото место од дваесет и седум рангирани во склоп на истражувањето на ОЕЦД).[20] Сепак светската економска криза која уследила довела до рецесија во пет следователни квартали, што е најдолга економска депресија за 30 години [21][22], а невработеноста пораснала на 7 % во текот на 2009 година.[23] Невработеноста меѓу младите во јуни 2011 година изнесувала 17,4 %.<!—мртва врска од тој датум--> Од 1970-тите до денес Нов Зеланд се соочува со проблемот на „одлив на мозоци“.[24][25] Околу четвртина од висококвалификуваните работници живеат во странство, главно во Австралија и Британија, што е најголема стапка меѓу развиените држави.[26] Сепак постои и спротивен процес „прилив на мозоци“ преку имиграцијата на стручњаци од Европа и помалку развиените држави.[27][28]
Рударство
Пред доаѓањето на Европејците, Маорите се занимавале со вадење аргилит.[29] Нов Зеланд е богат со наоѓалишта на јаглен, сребро, руди на железо, варовник и злато. Во светски рамки е рангиран на 22. место според производството на руди на железо и 29. по производство на злато. Вкупната вредност на произведените руди на Нов Зеланд во 2006 година изнесувала 1, 5 милијарди долари (не сметајќи ги нафтата и гасот). Најважни метални руди се златото (10,62 тони), среброто (27,2 тони) и титаномагнетит на железен песок (2,15 милиони тони). Во извештајот од 2008 година, се проценува дека неискористените ресурси од само седум основни руди (вклучувајќи го златото, бакарот, железото и молибденот) се вредни околу 140 милијарди долари.[30] Рударството е една од позначајните гранки на новозеландското стопанство. Според проценките од 2010 година, околу 4.000 хектари, или 0,016 % од територијата на Нов Зеланд е покриено со рудници, главно каменоломи.[30]
Инфраструктура
Снабдувањето со енергија потекнува од нафта, гас и јаглен (69 %) и од обновливи извори енергије, првенствено хидро и геотермални електрани.[31] Сообраќајната мрежа на Нов Зеланд се состои од 93.805 км патишта вредни 23 милијарди долари,[32] и 4.128 км железнички пруги.[33] Поголемиот број градови се поврзани со автобуски линии, но доминантен вид на превоз се приватните автомобили.[34] Железницата била приватизирана во 1993 година, но повторно била вратена под закрила на државата во 2008 година.[35] Пругата се протега по цела должина на државата, но денес главно служи за товарен, а не за патнички транспорт.[36] Поголемиот број странски посетители доаѓа со авион,[се бара извор]<!—мртва врска од тој датум--> преку некој од седумте меѓународни аеродроми (врски со други држави освен Австралија и Фиџи, имаат аеродромите во Окланд и Крајстчерч). Национална авиокомпанија е Ер Нов Зеланд. Поштата на Нов Зеланд имала монопол на телекомуникациите до 1989 година кога била формирана компанијата „Телеком Нов Зеланд“ која била приватизирана во 1990 година. Телеком во своја сопственост ја има поголемиот дел од телекомуникациската инфраструктура, но е зголемена конкуренцијата.[37]
Трговија
Стопанството на Нов Зеланд многу зависи од меѓународната трговија,[38] особено во областа на земјоделски производи. Извозот претставува високи 24 процените од производството,[39] заради што Нов Зеланд е осетлив на меѓународната цена на стоката и на глобалните економски рецесии. Главни извозни гранки се земјоделието, цвеќарството, риболовот, шумарството и рударството кои претставуваат околу половина од извозот.[40] Главни извозни партнери се Австралија, САД, Јапонија, Кина и Обединетото Кралство.[39] Од 7 април 2008 година, Нов Зеланд и Кина се потписници на договор за слободна трговија.[41][42] Услужниот сектор е најјака гранка во стопанството на Нов Зелан, а по него следат производството и градежништвото, а потоа земјоделието и вадењето суровини.[39]Туризмот игра важна улога во новозеландската економија, во 2010 година придонело 15 милијади долари на новозеландскиот БДП и во оваа област се вработени 9,6 % од работната снага.[43] Бројот на странски туристи во текот на 2010 година се зголемил за 3,1 %.Предлошка:Чињеница
Током 19. векавуна је била главни извозни артикал Новог Зеланда.[11] Све до 1960-их вуна је чинила трећину извоза,[11] али је од тада њена цена у сталном паду у односу на друге робе[44] и више није исплатива за многе пољопривреднике.[45] Насупрот томе млекарска индустрија је у сталном порасту, број крава је дуплиран у периоду између 1990. и 2007.[46] чиме је ова грана доспела на прво место по извозној заради.[47] Млечни производи су 2009. износили 21 % (9,1 милијарда долара) укупног робног извоза,[48] а највећа компанија на Новом Зеланду, Фонтера, контролише трећину међународне трговине млечним производима.[49] Други пољопривредни извозни производи су месо са 13,2 процента, вуна са 6,3 процента, воће са 3,5 % и риба са 3,3 процента. Број винарија је такође удвостручен,[50] што је довело до тога да вино 2007. године престигне вуну у извозу.[51]
Нов Зеланд има население од 4.3 милиони жители од кои 78% се изјасниле како припадници на некои од европските етнички групи. Европејаните се познати под името Пакеха, но овој термин Маорите го користат и за сите луѓе што не се Маори. Повеќето од европејаните се од британско или ирско потекло. Покрај нив има и значителен број на луѓе со холандско, германско, хрватско и, во помала мера, македонско потекло.
Маорите се најголема етничка заедница што нема европско потекло и сочинуваат околу 14.6% од населението. 9.2% од населението се изјаснило дека има азиско потекло и 6.9% се изјасниле како припадници на некои од тихоокеански народи.
Според пописот во 2006, христијанството е доминантна религија во Нов Зеланд со околу 55.6% од вкупното население. 34.7% се изјасниле дека немаат религија и 5% се изјасниле како останати религии.
До 1987 година англискиот јазик бил единствен службен јазик во земјата, но во 1987 година маорскиот јазик станал службен јазик покрај англискиот. Така околу 98% од населението во Нов Зеланд може да зборува англиски, додека 4.1 од населението знае маорски јазик. Најзборуван неслужбен јазик во Нов Зеланд е самоански јазик.
Поголемиот дел од Новозеландската култура е со британско потекло. Покрај тоа влијание, има и американско, австралиско и маорско влијание кон културата во Нов Зеланд. Исто така има и азиски и останати полинезиски влијанија. Така во Нов Зеланд се одржува голем фестивал за Кинеската Нова Година и за Дивали.
↑„Population clock“. Statistics New Zealand. Архивирано од изворникот на 2017-07-12. Посетено на 14 April 2016. The population estimate shown is automatically calculated daily at 00:00 UTC and is based on data obtained from the population clock on the date shown in the citation.
↑Baker, John (февруари 2010) [originally published in 1966]. „Some Indicators of Comparative Living Standards“. Во McLintock, Alexander (уред.). from An Encyclopaedia of New Zealand. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand. Table pdf downloadable from [1]
↑Evans, N. „Up From Down Under: After a Century of Socialism, Australia and New Zealand are Cutting Back Government and Freeing Their Economies“. National Review. 46 (16): 47–51.
↑Winkelmann, Rainer (2000). „The labour market performance of European immigrants in New Zealand in the 1980s and 1990s“. The International Migration Review. The Center for Migration Studies of New York. 33 (1): 33–58. doi:10.2307/2676011. JSTOR2676011.
↑Bain 2006, стр. 44. sfn error: no target: CITEREFBain2006 (help)