Критериум ди Дофине 2015 — 67. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине. Се одржала од 7 до 14 јуни и била шеснаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена од Крис Фрум, кој стигнал до втора победа на трката.
Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат. На четири други екипи им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 21 екипа.
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
На Критериум ди Дофине 2015 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента.[3] Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[3] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[3]
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкеста маичка.[3] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[3] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[3]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[3] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1990. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[3]