Историја на САД

Ова е статија само за историјата на САД. За историјата на копното Америка, погл. Историја на Америка
Територијално проширување на Соединетите Држави од 1776 до 1959 г.
Укажана е годината кога државата станала сојузна членка.
  1776–1790
  1791–1799
  1800–1819
  1820–1839
  1840–1859
  1860–1879
  1880–1899
  1900–1950
  1950–1959

Историјата на САД се смета дека започнува кога луѓето преминале преку Беринговиот Проток во она што денес е Алјаска. Никој не е сигурен кога почнале тие преселби, а неодамнешните проценки укажуваат дека почнале пред 14.000 - 16.000 години.[1]

Претколумбовски период

Свештеник од Мисисипи

Народите северно од Мексико, и во земјите што станале Соединети Американски Држави, имале свои цивилизациски и политички системи. Источната третина од она што сега се САД, во најголем дел била покриена со шуми и населена со Индијанци. Многуте племиња од таа област се занимавале со земјоделство, лов и робилов, како и собирање на плодови. Градот Кахокија (близу денешен Сент Луис) бил голем трговски центар. На својот врв, во 1200 година, имал 40.000 жители.

Многу од племињата што живееле источно од реката Мисисипи биле поврзани меѓу себе со заеднички јазик. Најголемата од овие јазични групи се состоела од племињата Алгонкинци, кои живееле по атлантскиот брег од Канада до Вирџинија; Ирокеската Конфедерација, со центар во она што е денес државата Њујорк; и Максогинците, кои се состоеле од племињата на најјужната област на источното крајбрежје. Сојузите меѓу нив не биле силни, затоа што луѓето од двете Америки не се замислувале како дел од иста цивилизација.

Во последните векови пред доаѓањето на Европејците, домородните Американци преживувале земјоделска револуција. Сè повеќе се напуштал номадскиот начин на живеење, а племињата останувале на едно место, развивајќи општествени обичаи и ритуали. Религијата била многу важна за индијанските општества. Домородните Американци обожувале многу богови, кои ги поврзувале со жетвите, дивечот, шумите, реките и другите елементи на природата.

Откривање и колонизирање на Америка

Бродот „Мајски Цвет“ кој ги донел првите англиски доселеници во Новиот Свет

Пред XV век Европејците воопшто не знаеле за постоењето на Америка. Значајниот пораст на европското население создал услови Европејците да бараат нови земји за колонизација или за трговија. Првите авантуристи започнале со ширење на егзотични приказни за чудни светови, носејќи од таму егзотични блага. Така, во потрага по нов пат за Индија, на 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, во име на шпанскиот кралски двор, со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на поморскиот пат за Индија. Тој најпрвин ги открил Канарските Острови од каде што на 6 септември тргнал на пет неделно патување по Атлантскиот Океан. Тој на копно стасал на 12 октомври 1492 кога морнарот Родриго де Тријана го здогледал копното.

Колумбо сметал дека стигнал до Индија, па затоа луѓето што ги нашол таму ги нарекол Индијанци, односно поточно Индијци. Тие го пречекале Колумбо со најголеми почести, а тој тоа го искористил, па на враќање во Шпанија ги наполнил бродовите со богатство.

Шпанска колонизација

Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот Свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба на територијата на денешните Соединети Држави.[2]

Шпанците биле првите Европејци кои стигнале до Апалачките Планини, до реката Мисисипи, Големиот Кањон[3] и до прериите западно од Мисисипи. Во 1540 година, Де Сото презел истражувачка експедиција, а Франциско Васкес де Коронадо повел 2.000 Шпанци и Индијанци од Мексико низ денешната граница меѓу Аризона и Мексико и стигнал до централен Канзас.[4]

Покрај Сент Аугустин, Шпанците ги основале и градовите Санта Фе, Албукерк, Сан Антонио, Тусон, Сан Диего, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Холандска колонизација

Холанѓаните во XVII век ја основале својата колонија наречена Нова Холандија, на источниот брег од Северна Америка. Опфаќала делови од денешен Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Делавер и Пенсилванија. Главен град бил Нов Амстердам, кој се наоѓал на јужниот дел од островот Менхетен, крај Њујоршкиот Залив, кој потоа е прекрстен во Њујорк.

Француска колонизација

Територијата која ја колонизирале Французите во Северна Америка во 1712 година (пред договорот од Утрехт) се протегала од Њу Фаундленд до Роки Маунтаин, и од заливот Хадсон до заливот Мексико. Територијата била поделена на пет колонии, секоја со своја администрација: Канада, Акадија, Хадсон, Њуфаундленд и Луизијана.

Англиска колонизација

Таинствениот натпис „Croatoan“

Првиот документиран контакт на Англија со Новиот Свет дошол само пет години по шпанскиот. Во 1497 година, Џон Кебот отпловил до североисточниот брег на Северна Америка под покровителство на кралот Хенри VII. Но, поминале речиси сто години пред Англичаните да направат сериозни напори за да основаат колонии. На некои Англичани Новиот Свет им изгледал привлечно, бидејќи нудел нешто што во Англија тешко се наоѓало: земја.

Првата постојана англиска населба била основана во Џејмстаун, Вирџинија, во 1607 година. Претходните триесет години, Англичаните безуспешно се обидувале да основаат колонии. Најнеобична е приказната за обидите да се основа град на островот Роанок, денес Северна Каролина. Во 1587 година, Волтер Рали испратил експедиција на Роанок која вклучувала: 91 маж, 17 жени (2 од нив бремени) и 9 деца. Набрзо по пристигнувањето, една од жените родила ќерка, Вирџинија Дејр, која се смета за прво дете од англиски родители родено во Америка. Командантот на експедиција, Џон Вајт, се вратил во Англија по уште доселеници, но поради војната со Шпанија, не можел да се врати во Роанок цели три години. Кога во 1590 година стигнал во Роанок, го нашол островот сосема опустен, без никакви знаци за судбината на доселениците што ги оставил таму. Исклучок бил таинствениот натпис „Croatoan“, изрезбан на столб.[5] Никогаш не било најдено решение на мистеријата за „изгубената колонија“.

Африкански дојденци

Повеќе од половината од сите доселеници во Новиот Свет меѓу 1500 и 1800 година биле Африканци, испраќани во Америка против своја волја. Повеќето од нив биле земени од големиот регион во Западна Африка под пустината Сахара, познат како Гвинеја. Како што трговијата со робови станувала пораширена и поусовршена, така станувала и пострашна. Во почетокот на XVIII век колонијалните собранија почнале да усвојуваат „ропски кодекси“. Само еден фактор решавал дали едно лице подлежи на ропскиот кодекс: бојата. До пред крајот на XIX век, присилно биле донесени 11 милиони Африканци во Северна и во Јужна Америка, и на Карибите.

Борба за континентот

Сè до 1750-ти години, британските Американци не се противеле да бидат членови на Британската Империја. Но, кон средината на 1770-те години, односите меѓу американските колонии и нивните британски владетели станале толку напнати, што империјата била на работ на распаѓање. Градењето на патиштата, меѓусебната трговија и поштенската служба ги јакнеле меѓуколонијалните врски, но колониите не соработувале меѓу себе, дури ни кога во 1754 година се соочиле со своите стари соперници Французите и нивните индијански сојузници. Војната што беснеела меѓу Британија и Франција од 1755 до почетокот на 1760-те години во Северна Америка, била дел од борбата за доминација на светската трговија. Британската победа во таа борба, позната во Европа како Седумгодишна војна, ја потврдила британската трговска супремација.

Француско-индијанската војна

Придружи се или умри: политичка карикатура од 1756 година, идеја на Бенџамин Франклин.

Француската и индијанската војна траела близу девет години. Во првата фаза, тоа бил само локален северноамерикански конфликт. Англиските колонии се насочиле главно на одбрана од индијанските напади од долината на Охајо. Речиси сите племиња освен Ирокезите, биле во сојуз со Французите.

Втората фаза на борбата почнала во 1756 година, кога владите на Англија и Франција и формално ги започнале непријателствата, и почнал вистинскиот конфликт (Седумгодишната војна). Борбите сега се прошириле во Индија и во самата Европа. Но, главната борба била во Северна Америка.

Во 1758 година, Вилијам Пит, англиски државен секретар (и иден премиер) ја почнал третата и последна фаза на војната и испратил голем број британски трупи во Америка. Драматичното паѓање на Квебек, на 13 септември 1759 година, го означило почетокот на крајот на американската фаза на војната. Една година подоцна, француската војска се предала во Монтреал.

Мирот конечно дошол во 1763 година, со Мирот од Париз, според кој Французите ѝ препуштиле на Велика Британија дел од своите колонии во Индија и во Канада, и целата француска територија во Северна Америка источно од Мисисипи. На Шпанија ѝ го препуштиле Њу Орлеанс и деловите западно од Мисисипи. Племињата кои биле во сојуз со Французите сега го предизвикале непријателството на Англичаните. Ирокеската Конфедерација, која била во сојуз со Британија поминала малку подобро, иако Англичаните на нивната пасивност гледале како на дволичност.

Во 1763 година, британската влада, предводена од кралот Џорџ III, издала решение „Прокламација од 1763 година“ со што им се забранувало на доселениците да напредуваат подалеку од планините што го одделувале атлантскиот брег од внатрешноста. Оваа Прокламација на Лондон му давала повеќе власт и контрола отколку на провинциските влади. Актот за шеќерот од 1764 барал да се казнуваат криумчарите на шеќер; актот за парите од 1764 барал колониите да престанат да издаваат книжни пари; актот за печатот од 1765 година наметнал такса за секој печатен документ во колониите: весник, алманах, памфлет, документи за пренос на земјата, тестаменти и друго. Набрзо, британските функционери собрале десетпати повеќе приходи и даноци од Америка отколку пред 1763 година, но во Америка ова биле непопуларни закони.

Во Масачусетс, Џејмс Отис ги убедувал своите колеги членови на колонијалното собрание да свикаат меѓуколонијален конгрес за да преземат акција против новите даноци. Конгресот се состанал во Њујорк со делегати од девет колонии, и испратиле петиција до кралот и до Парламентот. Во меѓувреме, неколку градски банди почнале да го земаат законот во свои раце. Во летото 1765 година избувнале сериозни безредија, а најолемото од нив во Бостон. Кралот конечно потклекнал пред барањата: актот за печат бил укинат, но биле воведени нови видови даноци - царини за разни производи увезувани во колониите од Англија. Бостонските трговци го презеле водството во организирање на уште еден бунт, во кој им се придружиле и трговците од Филаделфија и Њујорк. Колонистите ги бојкотирале британските стоки на кои се плаќала царината.

Во март 1770 година, новиот британски премиер ја укинал царината, но пред да пристигне веста за укинувањето во Америка, ноќта на 5 март во една фабрика за бродови дошло до тепачка, а неколкумина британски војници пукале во толпата народ и убиле петмина. Оваа мрачна случка брзо била претворена во „Бостонско крвопролевање“, и искористена од водачите на отпорот. Темелната разлика во мислењата дека Лондон има право да донесува закони за целата империја бил главниот конфликт меѓу Британија и Америка. А тоа го покажал и актот за чајот од 1773 година, со кој за да се спаси Источноиндиската компанија (која била на работ на банкрот), ѝ се дало право својата стока да ја извезува во колониите без да плаќа какви било давачки кои им се наметнувале на другите трговци. Револтот на британските Американци довел до првите меѓусебни истрели во Ленксингтон и Конкорд, со што започнала Војната за независност.

Американската револуција

Донесување на Декларацијата за независност, слика на Џон Трумбул

Три недели по битките кај Лексингтон и Конкорд, се состанал Вториот континентален конгрес во Филаделфија, на кој присуствувале делегати од секоја колонија, освен Џорџија. Сите се согласиле да ја поддржат војната, иако повеќето колонисти сè уште не верувале дека се борат за независност. Цената на војната, во човечки животи и финансии, била толку висока, што првобитните воени цели изгледале многу умерени. Затоа, Колонијалниот конгрес во Филаделфија на почетокот на летото 1776 година именувал комитет кој ќе изработи нацрт формална декларација за независност. На 4 јули 1776 година, Конгресот ја одобрил Декларацијата за независност, која главно била дело на Томас Џеферсон, триесет и три годишен Вирџиниец. Откако ја потврдиле својата независност, одделните колонии почнале да се нарекуваат држави.

Војната за независност

Вашингтон ја минува реката Делавер, една од првите победи на колонистите во револуцијата

Британските Американци се бореле на своја земја, и со тоа биле помотивирани од Британците. Сепак, победа на револуционерите не била резултат на таа предност, ниту на духот и решителноста на народот, туку била резултат на серија грешки на Британија. Во првата година од конфликтот (пролетта 1775 до пролетта 1776 година), Британците не биле сосема сигурни дека водат војна, туку сметале дека смируваат одредени бунтови. Во текот на следната фаза, од 1776 до 1778 година, во неделите по Декларацијата за независност, стотици британски бродови и 32.000 британски војници пристигнале во Њујорк, под команда на Вилијам Хоув. За да се спротивстави на оваа војска, Џорџ Вашингтон можел да собере само 19.000 несоодветно вооружени и слабо обучени војници, а морнарица воопшто немал, што значело серија порази за Патриотите. Британците како сојузници ги имале индијанските племиња Мохавк, Сенека и Кајуга во серијата напади на населбите од горниот дел на државата Њујорк. Патриотските сили под команда на генерал Џон Саливен жестоко одвратиле, што Ирокезите во големи групи избегале на север во Канада.

Водачите на востаничките сили сфатиле дека нема да победат без помош однадвор, а најблизок сојузник против Британија им била Франција, која сфатила дека ќе има корист доколку Британија ги изгуби колониите во Америка. Бенџамин Франклин лично заминал во Франција за да лобира за помош.

Со влегувањето на Франција во војната, таа се претворила во меѓународен конфликт, а во наредните две години Франција, Шпанија и Холандија влегле во војна со Велика Британија во Европа. Сите три нации придонесувале со материјална и финансиска помош.

Создавање влади на државите

Во исто време додека револуционерите се бореле да извојуваат своја независност на бојното поле, се бореле и да создадат нови институции на владеење кои ќе го заменат британскиот систем. Формирањето влади на државите започнало во 1776 година, а нивните жители се согласиле дека тие влади ќе бидат републикански (политички систем во кој целата власт доаѓа од народот, а не од кралот). Според тоа, успехот на секоја влада зависи од нејзините граѓани: ако граѓаните се силни и независни сопственици на имоти, тогаш републиката ќе опстане. Но, сите луѓе ќе мора да го заслужат својот успех (нема еднаквост на условите, но има еднаквост на можностите).

Две држави, Конектикат и Род Ајленд, не напишале нови устави, затоа што веќе имале влади кои биле републикански според сè освен по името, па едноставно ги избришале од своите повелби кралот и Англија, и ги прифатиле како устави. Почетната фаза на пишувањето на уставите се одвивала брзо. Десет држави го завршиле процесот пред крајот на 1776 година. Џорџија и Њујорк го завршиле кон крајот на 1777 година, а Масачусетс не го прифатил уставот сè до 1780 година, кога создавањето на државните влади влегло во нова фаза. Во 1780 година била донесена уставната конвенција: специјално собрание од луѓе што ќе се состане само со цел да напише устав и нема никогаш повторно да се состане (освен во вонредни ситуации), а со цел, уставот кој е еднаш усвоен да биде заштитен од каприците на јавното мислење и политиката на законодавците.

Уставот од 1787 година

Конвенцијата во Филаделфија

Членовите на Конфедерацијата (која постоела од 1781 до 1789 година) составиле национална влада многу слична на онаа што веќе постоела. Но, во 1787 година, нацијата создала нов устав и нова влада. Новиот американски устав создал систем на владеење што преживеал повеќе од два века како еден од најуспешните во светот.

Педесет и петмина, што ги претставувале сите држави освен Род Ајленд, учествувале на една или на повеќе седници на конвенцијата што заседвала во државната куќа во Филаделфија, од мај до септември 1787 година. Овие „Татковци Основачи“, како што се познати подоцна, биле со просечна возраст од 44 години, а само еден делегат бил навистина стар (Бенџамин Франклин имал 81 година). Конвенцијата едногласно го избрала Џорџ Вашингтон да претседава на седниците, а потоа ја затворила работата за јавност и печатот. Денес историчарите знаат што се случувало во Филаделфија само од дневниците на Џејмс Медисон.

На 17 септември 1787 година, 39 делегати го потпишале Уставот, кој започнувал со зборовите: „Ние, народот на Соединетите Американски Држави...“ Било решено: секоја државна делегација да има само еден глас; главните решенија да се донесуваат со просто мнозинство; федералната влада има власт да оданочува и да ги контролира парите, но сепак на државите им се оставени некои важни овластувања. Уставот не ги споменува политичките партии, што е намерно направено, и речиси воопшто не ги споменува домородните Американци, освен дека Конгресот се овластува да ја регулира трговијата со индијанските племиња.

На 30 април 1789 година, Џорџ Вашингтон дал заклетва како прв претседател на Соединетите Држави според новиот Устав, во Федералната зграда во Њујорк, кој тогаш бил национален главен град.

Џексоновова ера

Претседателски долар со ликот на Џексон

На 4 март 1829 година, жителите на САД се собрале да го набљудуваат инаугурирањето на Ендру Џексон. Започнала нова ера за жителите, т.н. „ера на обичниот човек“, или „владеење на кралот Толпа“, како што ја нарекле противниците на Џексон.

До 1820-те години на мал број Американци им било дозволено да гласаат: од гласачките избори биле одземени оние жители кои немале свој имот или не плаќаат данок на државата. Слободните Црнци не можеле да гласаат никаде на Југот, а на Северот многу малку. Жените немале право на глас. Гласањето не било тајно, туку гласот се давал усмено, што значело дека гласачите често биле уценувани или поткупувани.

Озаконување на партиите

Повеќе од триесет години во САД ги сметале партиите за зло што треба да се избегне. Во Њујорк за првпат е покрената идејата за партија, која набргу се проширила, а во 1830-те години почнал да дејствува целосно оформен двопартиски систем. Антиџексоновците себеси се нарекле виговци, а приврзаниците на Џексон - демократи, од кои потекнува најстарата политичка партија на нацијата. Виговците биле трговци и фабриканти од североистокот, побегнати плантажери од југот, амбициозни фармери од запад, како и доселеници од североисток, додека демократите биле богати луѓе.

Отстранување на Индијанците

Претседателствувањето на Ендру Џексон се совпаднало со долгата борба на доселувањето на белците и правата на Индијанците во земјите источно од реката Мисисипи. Џексон имал антипатија кон племињата, кои ги сметал за „благородни дивјаци“ и луѓе без вистинска цивилзиација, како што претходно ги нарекол Томас Џеферсон. Федералната влада отстранила многу Индијанци од исток уште пред доаѓањето на Џексон за претседател, но останале големи индијански енклави. Најголеми неволи на владата ѝ создавале индијанските племиња од југот, наречени „Пет цивилизирани племиња“ - Чероки, Крик, Семиноли, Чикасо и Чокто, кои владата се обидувала да ги пресели на запад за да ослободи големи области за белите доселеници.

До 1838 година речиси сите Пет цивилизирани племиња биле истерани и принудени да патуваат на своите „патеки на солзите“ до Индијанската територија.

Северот и Југот

Највидливата промена во животот во САД била брзата индустријализација на Северот во 1850-те години. Градските центри брзо растеле, и на пример населението на Њујорк во 1860 година изнесувало 1,2 милиони жители (заедно со Бруклин кој тогаш бил посебна општина). Новодојденците доаѓале од секаде, но најмногу од Ирска и Германија.

Југот, пак иако основал нови држави и нови пазари, останал претежно земјоделски во 1860 година. Плантажерскиот систем се потпирал врз работата на робовите, а богатите јужни белци себеси се доживувале како аристократи. За ропството зборувале како за „посебна институција“, која била регулирана со закони. Обичните луѓе од југот (две третини од белите семејства) воопшто немале робови. Сопствениците на робови тврделе дека робовите биле главно „среќни и задоволни со својата судбина“, но реалноста покажува дека не било така за сите - некои Црнци бегале на север. Подемот на аболиционизмот бил моќна сила, но истовремено предизвикал моќна опозиција, а најсилна од сите пропаганди бил романот на Хариет Бичер СтоуКолибата на чичо Том“, печатена како книга во 1852 година.

Граѓанската војна во Соединетите Држави

Битката во Гетизбург, пресвртница во Американската граѓанска војна

Речиси веднаш штом веста за избор на Абрахам Линколн за претседател стигнала до Југот, милитантните водачи во регионот почнале да бараат крај на Унијата. Напорите за компромис се собрале околу т.н. „компромис на Критенден“ (на сенаторот Џон Критенден од Кентаки), кој повикувал на неколку уставни амандмани кои би го гарантирале постоењето на робовладетелството во јужните држави. Но, компромисот барал републиканците да го напуштат својот став: да не се шири ропството, на што тие се спротивставиле, и компромисот пропаднал. Затоа Линколн пристигнал во Вашингтон на својата инаугурација маскиран со ноќен воз за да избегне атентат додека минувал низ робовладетелската држава Мериленд. Во своето обраќање до нацијата Линколн поставил неколку основни принципи: Унијата е постара од Уставот, и ниту една држава не може да ја напушти, а секој обид во тој правец ќе се смета за бунтовнички.

Кога почнала војната, едно било јасно: Северот бил во предност и со војници и со финансии. Југот немал никаква индустрија, па морал сè да увезува од Европа за време на целата војна. За крај на војната се смета 9 април 1865, а војната завршила со победа на северот и со дефинитивно укинување на ропството. Во војната загинале околу 620.000 луѓе, а околу 415.000 биле повредени.

Последиците од војната

По Граѓанската војна, Југот изгледал бедно и напуштено: градовите, плантажите и полињата изгорени или запуштени, а белите јужњаци кои го вложиле имотот во војната - сега останале без ништо. Повеќе од 258.000 Јужњаци загинале во војната. Но, животот бил полош за оние четири милиони црни мажи и жени ослободени од ропството, од кои повеќето немале каде да одат. Во март 1865 година, Конгресот оформил „Биро за слободњаците“, преку кое се дистрибуирала храна за милиони поранешни робови. Бирото исто така на сиромашните белци им понудило значајна помош, но Бирото не било долготрајно решение. Се подготвувале нацрт-закони за Реконструкција, а на еден нацрт-закон Линколн ставил вето. Пред да го изнесе својот план за Реконструкција, Линколн е убиен на 14 април 1865 година, во театарот Форд во Вашингтон.

Далечниот Запад

Каубоец, симбол на т.н. Див Запад, фотографија од околу 1888 година.

Уште пред Граѓанската војна, белата цивилизација ја преминала реката Мисисипи, и создала постојани наслеби во државите: Минесота, Ајова, Мисури и Арканзас, како и во источните делови на Небраска, Канзас и Тексас. Како резултат на златната треска од 1849 година, во овие региони се појавиле значителен број на англиско говорно население (меѓу нив и Кинези и други азиски доселеници). Но, во огромното подрачје на Далечниот Запад живееле Хиспанци, а пред сè тоа била територија на индијанските племиња.

Белото населување на Далечниот Запад се одвивало во неколку фази. Првата фаза била тамошниот развој на рударството, каде белците доаѓале за да се збогатат набрзина. Втората фаза била сточарството: неосвоените пасишта ги привлекувале сточарите, каде можеле непречено да ги одгледуваат своите стада.

Судири со Индијанците

Меѓу 1850 и 1880 година, доаѓало до чести судири меѓу Индијанците и белите доселеници на Далечниот Запад. Индијанските воини често ги напаѓале караваните и кочиите, најчесто како одмазда за претходни напади врз нив, но и за да ја повратат теритоијата која сметале дека е нивна. Последните Индијанци кои им дале отпор на белците биле Чирикахуа Апачите, кои со прекини се бореле до 1880-те години. Најпознатиот поглавар бил Џеронимо, кој не сакал да се свитка пред притисокот на белците, но во 1886 година неговата група броела само 30 луѓе, додека неговите гонители броеле околу 10.000. Џеронимо се предал, со што е одбележан крајот на војувањето меѓу Индијанците и белците.

Градење на трансконтиненталната пруга

Крајот на работите врз трансконтиненталната пруга (1869), фотографија на Ендру Расел

Градењето на трансконтиненталната пруга било драматично и монументално постигнување. Илјадници доселенички работници, повеќето Ирци и Кинези, работеле во незамисливо тешки услови за да ги пробијат планинските венци и да ги минат пустините, за конечно во пролетта 1869 година да ги спојат двете пруги кај Промонтори Поинт во северна Јута. Државните влади го поттикнувале градењето на пругите нудејќи директна финансиска помош.

Развој на индустријата

Многу фактори придонеле за развојот на американската индустрија: изобилството на суровини, бројната работна рака, техничките иновации, доаѓањето на талентирани и амбициозни луѓе, како и федералната влада која била желна да го помогне развојот на бизнисот. Меѓу најреволуционерните иновации било воведувањето на електричната енергија во 1870-ти години. Процесот со кој железото се претворало во челик бил откриен во 1850-те години, а челичната индустрија навлегла најпрвин во Пенсилванија и источно од Охајо. Нафтената индустрија се појавила кон крајот на XIX век, а од другите иновации се: првиот авионски лет на браќата Рајт во 1903 година, и развојот на автомобилот. Првото возило во Соединетите Држави на бензински погон се појавило во 1903 година, а три години подоцна Хенри Форд го произвел првиот од своите прочуени автомобили кои го носат неговото име. За кратко време, односно до 1917 година во Соединетите Држави имало пет милиони автомобили. Сличен развој имало и во другите индустрии, а најпрочуена корпоративна империја од крајот на XIX век била „Стандард Оил“ на Џон Рокфелер.

Подемот на големиот бизнис имал и свои критичари: се посочувало на корупција. Но, луѓето со огрмни богатства имале и општествена обврска: да ги употребат своите богатства за унапредување на општествениот прогрес. Во таа смисла, Ендру Карнеги во својата книга „Евангелие на богатството“ (1901) напишал дека богатите треба да ги употребат за доброто на општеството сите средства кои ги надминуваат нивните потреби. Така, на приватното богатство се гледало како на општо добро.

Републиката како империја

Бродот Мејн, три недели пред експлозијата во заливот Хавана, фотографирано на 25 јануари 1898 година

Американската република била експанзионистичка нација уште од првите денови на своето постоење. Во текот на првата половина од XIX век, како што растело населението на САД, така владата преку купување или освојување се здобивала со нови земји: транс-Апалачкиот Запад, територијата Луизијана, Флорида, Тексас, Орегон, Калифорнија, Ново Мексико, Алјаска. Многумина Американци верувале дека ширењето на републиката е „Манифест Судбина“ за нацијата. А развојот на две настани помогнал вниманието на Американците да се сврти кон земјите преку морињата.

Војната со Шпанија во 1898 година произлегла од настаните во Куба, која заедно со Порторико претставувала практично сè што останало од некогаш огромната шпанска американска империја. Кубанците се спротивставиле на шпанското владеење уште во 1868 година, но иако многу Американци ги симпатизирале Кубанците, Соединетите Држави не интервенирале. Но, во 1895 година, „жолтиот печат“ на Вилијам Рандолф Херст и Џозеф Пулицер, кои биле обземени од бескрупулозната меѓусебна борба за тираж во Њујорк, почнале накитено да известуваат, и создале впечаток дека Шпанците ги извеле сите свирепости во Куба.[6] Доселениците на Куба во САД ѝ давале поддршка на Кубанската револуционерна партија (чиј штаб бил во Њујорк) и помогнале да се прослави нивниот водач, Хосе Мартин, кој бил убиен во Куба во 1895 година. Подоцна, Американците формирале клубови за поддршка на каузата на Cuba Libre (Слободна Куба).

Војната објавена во април, била готова во август, па државниот секретар Џон Хеј ја нарекол „блескава мала војничка“, мислење кое го имале повеќето Американци, освен самите војници што се бореле во неа. Во борбите загинале само 460 Американци, но од зарази умреле 5200 војници.

Така Порторико станало американска територија, а подоцна, после долгата војна на Филипините, и Филипини и Гуам станале американски територии.

Национална реформа

Напорите за реформа на индустриското стопанство се судриле со проблеми на државно и локално ниво, бидејќи националната влада, заглавена во партиските политики, била несоодветна да послужи како агенс на реформите. Реформаторите сметале дека на федералната влада ѝ треба водство од една фигура, способна да обезбеди „современо“ и „ефикасно“ раководење - претседателство.

За прогресивните реформатори, Теодор Рузвелт бил повеќе од обожавана јавна личност - тој бил идол. Ниеден претседател пред него, а малкумина после него, привлекле толкаво внимание. Сепак, Рузвелт и покрај обемот на своите реформи, бил конзервативен во сфаќањата. Најпрочуеното достигнување на претседателствувањето на Рузвелт била изградбата на Панамскиот Канал, кој ги поврзувал Атлантскиот и Тихиот Океан.

Панамскиот Канал во 1913 година

Првата светска војна

Генерал Першинг, во Франција 1917 година.

Американците гледале со ужас како се развива текот на Првата светска војна речиси три години, а тогаш, во април 1917 година САД формално влегле во војната, со обезбедување на поморска помош. Сè до пролетта 1918 година мал број американски сили биле интензивно вклучени во борбите, а осум месеци подоцна, војната завршила. Под команда на генерал Џон Першинг, американските трупи се прилучиле кон сојузничките сили во одбивањето на нови германски напади.

Јавноста била поделена во врска со американското мешање во војната, па владата презела чекори да го обедини јавното мислење. Најочигледен напор била кампањата чија цел била да се поттикне воодушевување за конфликтот: контролирани информации во весниците; „самоцензура“ при објавување на вести за војната; па дури се апелирало до граѓаните да ги известат властите за секаква нелојалност, песимизам или копнеж по мир од страна на своите сограѓани. Актот за шпијунажа од 1917 година ѝ дал на владата нови средства за борба со секој кој го критикува претседателот или владата. Во 1918 година биле затворени повеќе од 1500 луѓе само поради кривично дело - критика на владата. Американската заштитна лига набројала 250.000 луѓе како „агенти“, кои отворале писма и ги прислушкувале телефоните на своите соседи, со цел да се наметне единство во мислењето на заедницата. Најчести жртви на таквите активности биле доселениците.[7]

Нова ера

Марш на членовите на ККК во Вашингтон, 1928 година

За 1920-ти години, се зборувало како за „Нова ера“ - време во кое Америка почнува да станува современа држава. САД почнале долг период на просперитет и економска експанзија, а општеството станало потрошувачко. Ниедна група не била толку свесна за појавата на потрошувачката од рекламната индустрија. Жените со високо образование веќе не биле реткост. Сепак, една група психолози, бихејвиористи почнале да му пркосат на сфаќањето дека жените имаат инстинктивно својство за мајчинство. Тие велеле дека „мајчинската љубов не е доволна за да се одгледа детето“, туку дека се потребни совети од стручњаците. Младите Американки се ослободиле од сфаќањето за строгата викторијанска женска улога, па почнале да пушат, да пијат, да носат заводливи облеки и да танцуваат.

Во 1915 година, група јужњаци се организирале во Клан, познат како Кју Клус Клан, заради заплашување на црнечкото население, а дејствувале против сите кои се спротивставувале на она што тие го сметале за традиционални вредности.

Во јануари 1920 година, стапила во сила прохибицијата на продажба и производство на алкохол. Владата вработила 1500 агенти за да ја спроведуваат прохибицијата, бидејќи оваа голема индустриска гранка сега ја презеле личностите од организираниот криминал.

Во 1929 година, дошло до ненадеен финансиски колапс, познат како „Големата депресија“: цените на акциите постојано паѓале; брокерските фирми нуделе лесни и брзи кредити за оние што купувале акции; повеќе од половина семејства во Америка станале премногу сиромашни за да можат да купуваат производи; фармерите биле во длабоки долгови, а банките банкротирале или биле пред пропаѓање со нудењето на неразумни кредити. Во првите неколку години од Депресијата, повеќето Американци биле збунети. Првата задача на Франклин Рузвелт при преземање на должноста претседател на САД, била да ја ублажи паниката и хаосот на финансискиот систем. Биле усвоени и спроведени низа програмски мерки во напорите да се направи нешто за да им се помогне на осиромашените поединци и приватни организации да преживеат. Сепак, кон крајот на 1939 година, многу од основните проблеми на Депресијата останале нерешени.

Втората светска војна

Истоварување на американската војска во Нормандија.

Какви и да биле политичките несогласувања меѓу Американците во текот на Втората светска војна, сепак постоело зачудувачко единствено мислење во врска со самиот конфликт.

Десет часа по ударот врз Перл Харбор, јапонските авиони ги нападнале американските аеродроми во Манила на Филипините, а три дена подоцна, американскиот Гуам паднал под власт на Јапонија. Големата британска тврдина Сингапур во Малаја се предала во февруари 1942 година, Холандската Источна Индија во март, Бурма во април. Американците првпат презеле офанзива дури во август 1942 година, со напад на три од Соломонските Острови: Гавуту, Тулаги и Гвадалканал. Јапонското напредување било запрено. Во Европа, САД се бореле заедно со Британија и избеганите „слободни Французи“. Американски трупи зеле учество и во големото истоварување на сојузниците во Нормандија, на 6 јуни 1944 година.

Битките во Тихоокеанија

Битката за Окинава, остров на само 600 километри јужно од Јапонија, била доказ за силата на јапонскиот отпор во последните очајнички денови. Недела по недела, Јапонците испраќале камикази авиони (самоубијци), жртвувајќи 3500 од нив и нанесувајќи големи загуби на американските и британските бродови. Јапонците веќе речиси немале бродови или авоини со кои би се бореле. Бомбардирањата на Токио започнале во мај, при што загинале повеќе од 80.000 луѓе. Умерените јапонски водачи барале начин да им стават крај на борбите, но нивите напори станале непотребни во јули 1945 година, кога американските научници успешно го испробале првото атомско оружје на светот.

Печурката од атомската бомба фрлена врз Нагасаки на 9 август 1945 година

Уште во 1939 година, во САД пристигнале извештаи дека нацистичките научници го презеле првиот чекор кон создавање на атомска бомба. САД и Британија веднаш ја почнале трката да го развијат тоа оружје пред Германија. Во текот на наредните три години, владата тајно потрошила близу 2 милијарди долари во таканаречениот Проект Менхетен. Научниците работеле многу побрзо отколку што се очекувало, па така во мугрите на 16 јули 1945 година, во пустината во близина на Алмагордо, Ново Мексико, се собрале научниците за да ја набљудуваат првата атомска експлозија во историјата. На располагање стоело оружје што можело да ја докрајчи војната, па претседателот Хари Труман не гледал причина да не го употреби.

Даглас Мек Артур за време на потпишувањето на официјалната капитулација на Јапонија на бродот „Мисури“, 2 септември 1945 година

На 6 август 1945 година, еден американски Б-29, „Енола Геј“ фрлил атомска бомба врз индустрискиот јапонски центар Хирошима. Со една бомба, САД претвориле во пепел површина од четири квадратни милји во центарот на претходно неоштетениот град. Повеќе од 80.000 цивили загинале, според подоцнежните проценки, но повеќето преживеале за подоцна да страдаат од осакатувачките ефекти на радиоактивните врнежи. Јапонската влада била стаписана од нападот. Два дена подоцна, Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Јапонија, а наредниот ден уште еден американски авион фрлил уште една атомска бомба, овој пат врз градот Нагасаки, причинувајќи смрт на 100.000 луѓе. На 2 септември 1945 година, на палубата на американскиот воен брод „Мисури“, усидрен во заливот во Токио, јапонските официјални лица потпишале капитулација.

Ефекти од војната

Од 1941 до 1945 година, федералната влада потрошила вкупно 321 милијарда долари - двојно повеќе одошто потрошила во сите 150 години од своето дотогашно постоење. Во војната биле ангажирани околу 25.000 Индијанци, меѓу кои се истакнувале припадниците на племето Навахо, кои работеле во воените комуникации и зборувале на својот јазик, што непријателските сили не можеле да го разберат. Повеќе од 100.000 луѓе со јапонско потекло биле одведени во она што се нарекувало „ценри за релокација“, логори, малку поинакви од затвори, а сè поради американскиот страв од нивен заговор со татковината на своите предци.

Американците не доживеале бомбардирања, освојувања, масовни преселби или сериозни материјални загуби. САД имале лесни загуби во споредба со некои други нации, но цената во човечки жртви сепак била голема: 322.000 загинати и околу 800.000 ранети.

Студената војна

Ниедно прашање во американската историја на XX век не покренало толкава дебата како потеклото на Студената војна, период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, ривалитството меѓу двете велесили се одвивало на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и јадрени воени потенцијали, и многу посредни војни, но никогаш не дошло до директен воен судир меѓу двете велесили.

Интервенцијата во Кореја

Американски војници во Кореја

Интервенцијата во Кореја била првиот израз на новата експанзинистичка надворешна политика на САД. Администрацијата на Труман решила да ја претстави интервеницјата како напор за „ослободување“. На 27 јуни 1950 година Труман наредил ограничена американска воена помош на Јужна Кореја, и апелирал до ОН да интервенираат. Советскиот Сојуз го бојкотирале Советот за безбедност, и ја поддржале офанзивата на Севернокорејците.

Војната во Виетнам

Американски војници прават претсрес во село во Виетнам барајќи комунисти, членови на Виетконг

Американското замешување во Виетнам отпрвин се развивало бавно. Комунистите на југот организирале Национален фронт за ослободување на Јужен Виетнам, за многумина Американци познат како Виетконг. Комунистичката влада во Ханој испраќала свои трупи и голема помош. Антикомунистичкиот режим на Дием, кого го поддржувале САД, во 1963 година се нашол на работ на колапс. Јужновиетнамските воени раководители организирале удар во текот на кој биле убиени Дием и неговиот брат. Неколку недели подоцна и Џон Кенеди бил мртов.

Така Линдон Џонсон наследил американска замешаност за опстанок на антикомунистичкиот режим во Јужен Виетнам. Со гласање со 416 спрема 0 во Претставничкиот дом и со 88 спрема 2 во Сенатот, Конгресот усвоил резолуција која го овластувала претседателот да ги „преземе сите потребни мерки“ во Југоисточна Азија. Во март 1965 година, веќе имало 100.000 американски војници во Виетнам, каде повеќе од седум години останале заглавени во една војна која не можеле ни да ја добијат ни да ја разберат.

Скандали

Обраќање на Роналд Реган во 1987 година, кратко пред да заврши Студената војна

Рано утрото на 17 јуни 1972 година, полицијата затворила петмина кои насилно влегле во канцелариите на Демократскиот национален комитет, во зградата Вотергејт во Вашингтон. Кога репортерите од „Вашингтон Пост“ почнале да ја истражуваат заднината на виновниците, откриле дека меѓу крадците имало поранешни службеници од Белата куќа. Покрај тоа, биле платени од таен фонд кој го контролирале членови од персоналот на Белата куќа. Така се појавил скандалот за злоупотреба на власта, во кои биле замешани и Белата куќа и Никсоновиот комитет за кампањата. Никогаш не се појавил решавачки доказ дека Ричард Никсон ја планирал или ја одобрил кражбата, но сведочењата обезбедиле докази за учество на врвни помошници од Белата куќа. Овие судења се познати како Вотергејтска афера.

Роналд Реган ја презел претседателската должност во јануари 1981 година. Неговите осум години на функција довеле до важна промена во јавната политика, но ништо толку фундаментално на внатрешен план, освен серија на скандали во неговата администрација. Претседателствувањето на Џорџ Буш било забележано по серија драматични настани во меѓународните работи и целосно отсуство на идеи по внатрешните прашања. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, во 1991 година, САД остана да биде единствена реална велесила во светот. Администрацијата на Буш морала да бара решение за страшната американска воена моќ во светот. Едното решение било драстично да се намали воената сила, а другото решение било да се продолжи со употреба на таа сила, но овој пат, не за да се бори против комунизмот, туку за да ги брани своите економски интереси. Тоа ги повлекло САД во судирите на Средниот Исток.

Понова историја - од 1991 година до денес

Американски авиони од типот F-14 Tomcat над Црвеното Море и Персискиот Залив.

На 2 август 1990 година, Ирак го нападна својот сосед богат со нафта, Кувајт. Садам Хусеин објавил дека го анектира Кувајт. За неколку недели, Буш ги убедил речиси сите важни влади во светот да се придружат кон трговско ембарго на Ирак, санкционирано од Обединетите Нации. Тоа значело дека Ирачаните не ќе можат да ја продаваат нафтата на светските пазари, ниту да купуваат производи од странство. Во исто време САД и нивните сојузници распоредиле масовна воена сила долж границите меѓу Кувајт и Саудиска Арабија. На 29 ноември 1990 година Обединетите Нации, на барање на САД, гласале за одобрување на воена акција за да се истера Ирак од Кувајт, ако не се повлече до 15 јануари 1991 година. На 16 јануари 1991 година, американските и сојузничките воздушни сили започнале масовни бомбардирања врз ирачките сили во Кувајт и врз воените и индустриските инсталации во самиот Ирак. Популарноста на Џорџ Буш достигнала рекордна височина по завршувањето на оваа т.н. Заливска војна.

11 септември 2001

Кулите-близначки од Светскиот трговски центар горат брзо по ударот на авионот на Јунајтед ерлајнз УА175 во јужната кула (десно). Претходно авионот на Американ ерлајнз АА11 удри во северната кула (лево).

Терористичките напади од 11 септември 2001година биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда. Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.

Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди долари, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилиони долари.

Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против теророт. Во рамките на оваа војна, преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот - како Авганистан и Ирак.

Поврзано

Наводи

  1. Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 9, Штрк, Скопје 1999 г. ISBN 9989-662-22-3
  2. „United States“. The Columbia EncGAYyclopedia (6. изд.). 2007.
  3. Pyne, Stephen J. (1998). How the Canyon Became Grand. New York, New York: Penguin Books. стр. 4-7. ISBN 0670881104.
  4. „Coronado, Francisco Vasquez de“. The Columbia Encyclopedia (6. изд.). 2007.
  5. Ален Бринкли, Историја на САД, Скопје, Штрк, 1999, стр. 29. ISBN 9989-662-22-3
  6. Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 458, Штрк, 1999. ISBN 9989-662-22-3
  7. Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 522-524, Штрк, Скопје, 1999 ISBN 9989-662-22-3

Користена литература

  • Ален Бринкли, „Историја на САД: недовршената нација“, Штрк, Скопје, 1999 година, ISBN 9989-662-22-3.


Статијата „Историја на САД“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Read other articles:

Political party in Indonesia Great Indonesia Party Partai Indonesia Raya (Parindra)ChairpersonSoetomo (1935) Woerjaningrat (1938) R.P. Soeroso (1949)FoundedDecember 1935 (First incarnation)November 1949 (Second incarnation)Dissolved20 May 1942 (First incarnation)Preceded byBudi Utomo, Indonesian National UnionNewspaperSoeara ParindraYouth wingSurya WirawanMembership3,425 (1936)[1]10,000 (December 1939)[2]IdeologyNationalismAnthemMars ParindraPolitics of IndonesiaPolit...

 

ilustrasi Yamabiko dari Gazu Hyakki Yagyō karya oleh Toriyama Sekien Yamabiko (山彦code: ja is deprecated ) adalah yōkai dalam cerita rakyat Jepang yang tempat kemunculannya diyakini berada di daerah pegunungan tinggi Jepang (selain Tengu) dan lembah atau ngarai.[1][2] Yamabiko dikaitkan dengan suara gema yang sering muncul secara misterius atau pantulan suara yang terdengar berbeda dari sebelumnya. Mereka jarang terlihat oleh manusia bentuk fisiknya tetapi suara mereka se...

 

Koordinat: 4°58′56″S 119°31′28″E / 4.982239°S 119.5243492°E / -4.982239; 119.5243492 MattirotasiᨆᨈᨗᨑᨚᨈᨔᨗᨆᨌᨗᨊᨗᨈᨄᨑDesaKantor Desa Mattirotasi di Jl. Mannayoang No. 01, Dusun KanjitonganNegara IndonesiaProvinsiSulawesi SelatanKabupatenMarosKecamatanMaros BaruKode Kemendagri73.09.04.2005 Luas6,63 km² tahun 2017Jumlah penduduk2.463 jiwa tahun 2017Kepadatan371,49 jiwa/km² tahun 2017Jumlah RT9Jumlah RW2 Untuk pengertian lain,...

Congratulations: 50 Tahun Kontes Lagu Eurovision Final 22 Oktober 2005 Pembawa Acara Katrina LeskanichRenārs Kaupers Penyiar Tuan Rumah EBU, DR Tempat Forum Arena, Kopenhagen, Denmark Lagu pemenang Waterloo by ABBA Sistem pemberian suara PSE dan juri; setiap negara memberikan 1-8, 10, dna12 poin kepada 10 lagu favorit mereka Jumlah kontestan 14 lagu dari 1958 sampai 2005 Interval Riverdance,Ronan Keating,Bermacam-macam medley Congratuations: 50 Tahun Kontes Lagu Eurovision adalah acara telev...

 

Theo Tupetz (um 1955) Theo Tupetz (* 17. August 1923 in Hohenelbe, Tschechoslowakei; † 26. Mai 1980 in Bonn) war ein deutscher Studentenfunktionär und Sozialpolitiker. Als langjähriger Leiter des Sozialamts des Bundesstudentenrings initiierte er Hilfsprogramme für Flüchtlingsstudenten aus der DDR und Osteuropa, später auch aus afrikanischen Staaten. Außerdem hatte er maßgeblichen Anteil an der Entwicklung der Studienförderung nach dem Honnefer Modell, einem Vorläufer des heutigen Baf

 

NGC 16NGC 16 (Sloan Digital Sky Survey)Data pengamatan (J2000.0 epos)Rasi bintangPegasusAsensio rekta 00j 09m 04.3dDeklinasi +27° 43′ 45″Pergeseran merah0,010340[1]Kecepatan radial helio3100 ± 17 km/s[1]Magnitudo semu (V)13,0[1]Magnitudo mutlak (V)−20,62[2]Ciri-ciriJenisSAB0−[1]Ukuran semu (V)1,8′ × 1,0′[1]Penamaan lainUGC 80, MCG+04-01-032, PGC 660[1] NGC 16 ada...

سان إنجليفيرت    شعار الاسم الرسمي (بالفرنسية: Saint-Inglevert)‏    الإحداثيات 50°52′30″N 1°44′34″E / 50.875°N 1.7427777777778°E / 50.875; 1.7427777777778[1]  [2] تقسيم إداري  البلد فرنسا[3]  التقسيم الأعلى باد كاليه  خصائص جغرافية  المساحة 6.6 كيلومتر مربع[1] 

 

Socio-economic system developed by Chinese agricultural settlers in Johor Chinese workers in a gambier and pepper plantation in Singapore, circa 1900. The Kangchu system was a socio-economic system of organisation and administration developed by Chinese agricultural settlers in Johor[fn 1] during the 19th century. The settlers organised themselves into informal associations (similar to the Kongsi organisations found in other Chinese communities), and chose a leader from among themselv...

 

MITSUBISHI beralih ke halaman ini. Untuk penggunaan lain, lihat Mitsubishi. Mitsubishi Electric CorporationTokyo Building, kantor pusat Mitsubishi Electric di Tokyo.[1]Nama asli三菱電機株式会社Nama latinMitsubishi Denki kabushiki gaishaSebelumnyaMitsubishi Electric Manufacturing Co., Ltd.JenisPublik KKKode emitenTYO: 6503LSE: MELIndustriPeralatan listrik ElektronikDidirikan15 Januari 1921; 102 tahun lalu (1921-01-15)Tokyo, JepangKantorpusatTokyo Building, 2-7-3, Marunouch...

This article is about the Indian ruler of Bhopal. For captive, see Hamidullah Khan (Bagram captive). For the Bangladeshi politician, see Muhammad Hamidullah Khan. Nawab of Bhopal Hamidullah KhanNawab Hamidullah Khan, Last Ruler of BhopalNawab of BhopalReign20 April 1926 – 1 June 1949Coronation9 June 1926PredecessorKaikhusrau JahanSuccessorMonarchy abolished, Bhopal State created.Titular Nawab of BhopalPretendence1 June 1949 – 4 February 1960SuccessorSajida SultanBorn(1894-09-09)9 Septembe...

 

Easternmost of Great Lakes in U.S. and Canada Lake OntarioNiigaani-gichigami (Ojibwe)Lake Ontario seen from the International Space Station on August 24, 2013. The cloudy yellowish substance is algae bloom.Lake OntarioLake Ontario bathymetric map.[1][2][3] The deepest point is marked with ×.[4]LocationNorth AmericaGroupGreat LakesCoordinates43°42′N 77°54′W / 43.7°N 77.9°W / 43.7; -77.9Lake typeGlacialEtymologyOntarí:io, a ...

 

For other uses, see Hansard (disambiguation). Transcripts of parliamentary debates in Britain and many Commonwealth countries Hansard's title page in 1832 Hansard is the name of the transcripts of parliamentary debates in Britain and many Commonwealth countries. It is named after Thomas Curson Hansard (1776–1833), a London printer and publisher, who was the first official printer to the Parliament at Westminster. Origins Though the history of the Hansard began in the British parliament, eac...

2014 film AlleluiaFilm posterDirected byFabrice Du WelzWritten byFabrice Du WelzVincent TavierStarringLola DueñasRelease dates 22 May 2014 (2014-05-22) (Cannes) 26 November 2014 (2014-11-26) (France) CountriesBelgiumFranceLanguageFrench Alleluia is a 2014 Belgian-French horror-drama film directed by Fabrice Du Welz. It was screened as part of the Directors' Fortnight section at the 2014 Cannes Film Festival.[1] It received eight nominations at th...

 

Neoplan Centroliner 12 LE Завод-изготовитель Neoplan Выпускался, гг 1997— Полная масса, т 18 Снаряжённая масса, т 11,8 Макс. скорость, км/ч При полной загрузке: 95-125Пустого автобуса:130 Вместимость Мест для сидения 36 Полная вместимость (8 чел./м²) 100 Габариты Длина, мм 11950 Ширина, мм 2500 Высота по кры...

 

John Percy John Percy (* 23. März 1817 in Nottingham; † 19. Juni 1889 in London) war ein englischer Arzt, Chemiker und widmete sich als Techniker der Metallurgie. Inhaltsverzeichnis 1 Leben und Wirken 2 Ehrungen 3 Werke (Auswahl) 4 Literatur 5 Weblinks 6 Einzelnachweise Leben und Wirken Percy war ein Sohn des Juristen Henry Percy. Seine Schulzeit verbrachte erst auf einer Privatschule in Southampton, bevor er – wieder in seiner Heimatstadt – an einer höheren Schule bei William Grisent...

Lewis Capaldi discographyLewis Capaldi at the SWR3 New Pop Festival 2019 in Baden-Baden, GermanyStudio albums2EPs7Singles11 This is the discography of Scottish singer-songwriter Lewis Capaldi. He achieved global mainstream success in 2019 with his breakthrough single Someone You Loved, which charted in over 29 countries and spent seven weeks at number one on the UK Singles Chart. His debut album Divinely Uninspired to a Hellish Extent followed in May, which became the best selling album in th...

 

Austrian painter (1844-1926) This article includes a list of general references, but it lacks sufficient corresponding inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (October 2014) (Learn how and when to remove this template message) Olga Wisinger-FlorianOlga Wisinger-Florian, circa 1890Born1 November 1844Vienna, AustriaDied27 February 1926(1926-02-27) (aged 81)Grafenegg, AustriaNationalityAustrianKnown forPaintingMovementImpressionism O...

 

Содержимое этой статьи нуждается в чистке. Текст содержит много маловажных, неэнциклопедичных или устаревших подробностей. Пожалуйста, улучшите статью в соответствии с правилами написания статей. Не следует путать с марихуаной. Гашиш Магазин гашиша в Катманду, Непал, 197...

Batalla de Achnadayn Parte de la conquista musulmana de Siria (guerras arabo-bizantinas) Fortaleza en el valle de ElaFecha Julio/agosto de 634Lugar Achnadayn, Palaestina PrimaCoordenadas 31°41′00″N 34°57′00″E / 31.68333333, 34.95Resultado Victoria musulmanaCambios territoriales Siria meridional y Palestina son anexadas por los musulmanes[1]​Beligerantes Imperio bizantino Califato ortodoxo Comandantes TeodoroVardan  † Jálid ibn al-WalidAmr ibn al-AsAbu U...

 

プレア・ビヘア寺院の位置 上段:プレア・ビヘア寺院周辺地図点線:1907年のフランス作成の地図の国境線、青線:分水嶺に基づく国境線下段:プレア・ビヘア寺院の上空写真 プレア・ビヘア寺院事件(Temple of Preah Vihear case)とは、カンボジアとタイが互いに領有権を主張していたプレアヴィヒア寺院の帰属を巡り、カンボジア王国の帰属であるとしたハーグの国際司...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!