Њуфаундленд (француски: Terre-Neuve; ирски: Talamh an Éisc; латински: Terra Nova) е голем остров на североисточниот брег на Северна Америка и најнаселениот дел од канадската провинција Њуфаундленд и Лабрадор. Зафаќа површина од 111.390 км2 и е 15-ти по големина во светот. Главен град е Сент Џонс, основан на југоисточниот врв на островот. Кејп Спиер, јужно од градот е најисточната точка на Канада. Островот има околу 485.000 жители.
Надворешни врски