Во Хрватска постоеле жупании уште од средниот век. Нивната големина, имиња и места се имаат променето низ времето.
Денежните жупании биле утврдини согласно Уставот на Република Хрватска од 1990, и оттогаш се имаат променето многу малку.
Пртед тоа, во СФРЈ, Република Хрватска се делела на општини (općine), помали од денешните жупании. Денес општините постојат исто така, но се помали единици од жупаниите, а и помали од старите општини.
Организација
Секоја жупанија има свое собрание (županijska skupština) кое се состои од пратеници избрани од народот по партија, и служат по четири години.
Собранијата ги избираат извршните власти на жупаниите, донесуваат за годишен буџет, општинските имоти и др.
Жупанијата има водач наречен жупан (župan), кој има еден или двајца заменици наречени дожупани (dožupani). Жупанот претседава со извршната власт на жупанијата (županijsko poglavarstvo), и е претставник на таа жупанија во нејзините надворешни работи.
Список на жупании
Ова е список на жупаниите, групирани по поголеми историски или географски региони:
Самиот Загреб е град, и заради неговата важност се има одвоено од неговата жупанија и има слична јурисдикција. Секој град со население над 30,000 жители може да го стори ова, но само Загреб ја има искористено таа прилика.
Наводи
Hrvatske županije kroz stoljeća, уред. Ivo Goldstein, Zagreb, 1996