Области во Белорусија

Белорусија административно се дели на 6 области (вобласці) и градот Минск, кој има посебен статус како главен град, но воедно е административен центар и на Минската област.[1]

Секоја област потоа е поделена на реони (раёны) кои имаат улога на окрузите во други земји.

Големината и распоредот на областите се утврдени во 1960 г. со административните реформи на тогашната Белоруска ССР.[2]

Области

Области во Белорусија
Област Седиште Белоруски Население
(2009)[3]
Површина
(км2)
Густина
(жит/км2)
Удел
Град Минск
Мiнск 1.829.100 256 7.144,92 18,91%
Брестска Брест Брэсцкая 1.433.100 32.800 43,69 14,82%
Витепска Витебск Вiцебская 1.265.300 40.100 31,55 13,08%
Гомељска Гомељ Гомельская 1.464.100 40.400 36,25 15,14%
Гродненска Гродно Гродзенская 1.102.800 25.000 44,11 11,40%
Минска Минск Мiнская 1.454.000 40.200 36,17 15,03%
Могиљовска Могиљов Магілёўская 1.123.100 29.000 38,73 11,61%
вкуп. Белорусија Минск Беларусь 9.671.900 207.756 46,55 100,00%

Карта на областите во Белорусија
Карта на областите во Белорусија

Поврзано

Наводи

  1. Преглед на Минск Архивирано на 24 ноември 2020 г. — Амбасада на Република Белорусија во Москва
  2. „Региони во Белорусија“. Statoids. (англиски)
  3. Проценка на населението на Белорусија на 1 јануари 2009 г. (руски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!