Постојат 16 војдовства, воведени со реформите на локалната самоуправа (1999), заменувајќи ги дотогашните 49 војводства од 1975 г.
Денешните војводства се претежно наречени по историско-географските области, а оние до 1998 г. ги носеле имињата на нивните административни центри. По површина се движат од 10.000 км2 (Ополско Војводство) до над 35.000 км2 (Мазовско Војводство), а по население, од милион (Лубушко Војводство) до преку пет милиони (Мазовско Војводство).
Административните надлежности управник назначен од владата — војвода (wojewoda), обласно собрание (sejmik) и извршни власти избрани во собрание. На чело на извршната власт стои маршалек marszałek. Војводствата понатаму се делат на окрузи (повјати) и општини (гмини).
Надлежности
Надлежностите на војводствата се поделени помѓу војводата, обласното собрание и извршната власт. Во сите случаи освен два, сите служби и установите се наоѓаат во административниот центар.
Војводата го назначува премиерот како обласен претставник на централната влада и началствува со државните установи во војводството (на пр. противпожарна служба, пасошки одделенија, инспекторати и сл), раководи со државната сопственост во областа и раководи со работата на локалната управа и јавната проблематика, но има и посебни овластувања во случај на вонредна состојба.
Обласното собрание се бира на секои четири години, на истите локални избори каде се бира управата во окрузите и општина|општините. Носи подзаконски акти, вклучувајќи го буџетот и стратегијата за развој на војводството. Ова тело го избира маршалекот и другите членови на извршната власт, кои пак одговараат пред него.
Извршниот огранок (zarząd) е задолжен за изготвување на буџет и развојни стратегии, спроведување на донесеното во обласното собрание, раководење со средствата на војводството и рази други аспекти од обласната политика како управувањето со средствата од ЕУ.