Окрузи во Естонија

Карта на окрузите во Естонија

Естонија е поделена на 15 окрузи (естонски: maakond). На чело на секоја од нив стои управник (maavanem), кој е претставник на државната влада на регионално ниво. Управникот го назначува самата влада и има петгодишен мандат.

Окрузите понатаму се делат на општини, и тоа од два типа: „градски“ (linn) и „селски“ (vald).

Окрузи

Податоците на населението се однесуваат на состојбата на 31 декември 2011 г.[1]

Округ Естонски Админ.
центар
Површина
(км²)
Население Густина
(жит/км²)
Валга Valga maakond Валга 2.044 30.158 14,8
Вилјанди Viljandi maakond Вилјанди 3.422 47.594 13,9
Виру Võru maakond Виру 2.305 33.439 14,5
Ида-Виру Ida-Viru maakond Јихви 3.364 149.244 44,4
Јерва Järva maakond Пајде 2.623 30.553 11,6
Јигева Jõgeva maakond Јигева 2.604 31.398 12,1
Лене Lääne maakond Хапсалу 2.383 24.184 10,1
Лене-Виру Lääne-Viru maakond Раквере 3.627 59.861 16,5
Пилва Põlva maakond Пилва 2.165 27.452 12,7
Перну Pärnu maakond Перну 4.807 82.584 17,2
Рапла Rapla maakond Рапла 2.980 34.905 11,7
Саре Saare maakond Куресаре 2.673 31.344 11,7
Тарту Tartu maakond Тарту 2.993 150.287 50,2
Харју Harju maakond Талин 4.333 552.643 127,5
Хију Hiiu maakond Кјардла 989 8.470 8,6

Поврзано

Наводи

  1. „Население по пол, народност и окрузи на 1 јануари“. stat.ee. Статистика Естонија. 31 декември 2011. (англиски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!