Брест (белоруски: Брэст или традиционално Берасце, Bierascie; руски: Брест) — град во Белорусија. Брест се наоѓа во близина на белоруско-полската граница и според податоците од 2010 година градот има население од 310.800 жители. Брест е главен град на истоимената област.
Брест бил главен советски граничен премин за време на Втората светска војна, најмногу поради тоа што низ градот поминува железничката линија Берлин-Москва и автопатот Е30. Посебно истакната е борбата во Брестската тврдина, која е прогласена за тврдина-херој на Советскиот Сојуз. Денес градот е важен граничен премин меѓу Европската Унија и Заедницата на независни држави.
Збратимени градови на Брест се:[1]