Шедлце (полски: Siedlce, руски: Седльце, јид. שעדליץ, Шедлиц ) — град во средишниот дел на Полска во Мазовското Војводство. Градот е самостоен и не припаѓа на ниеден округ.
Населеното место настанало во 1448 година, а во 1547 година добил градски права.
Шедлце се наоѓа на 155 метри надморска височина во средишниот дел на Полска, во источниот дел на Мазовското Војводство над реките Мухавска и Хеленка.