Витамин Б12

Витамин Б12
Систематско (IUPAC)
α-(5,6-диметилбензимидазолил)кобамидцијанид
Клинички податоци
AHFS/Drugs.commonograph
Начин на издавање
  • UK: POM (само на рецепт)
  • US: OTC
Начин на
примена
орално, IV, IM, интраназално
Фармакокинетички податоци
БиорасположливостЛесно се апсорбира во крајниот дел од илеумот
Врзување за белковинитеМногу висока до специфична за транскобаламини плазмени белковини
Врзувањето на хидроксикобаламин е нешто повисоко од цијанокобаламин
Метаболизамцрн дроб
Полувреме на елиминацијаПриближно 6 дена
(400 дена во црниот дроб)
Екскрецијабубрег
Назнака
CAS-број68-19-9 Ок
ATC кодB03BA01
DrugBankDB00115 Н
ChemSpider10469504 Ок
KEGGD00166 Ок
ChEMBLCHEMBL2110563 Н
Синонимивитамин B12, витамин B-12
Хемиски податоци
ФормулаC63H88CoN14O14P
Моларна маса1355.37 g/mol
  (провери)

Витаминот Б12, исто така нарачен кобаламин, е водорастворлив (хидрофилен) витамин кој има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин (миелиногенеза)[1][2], и формирањето на црвените крвни зрнца. Тој е еден од осумтте Б витамини. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и аминокиселините.[3] Габите, растенијата и животните (вклучувајќи ги и луѓето) не се способни да го синтетизираат. Само бактериите и археите имаат ензими потребни за неговата синтеза. Некои значителни извори на Б12 вклучуваат производи од животинско потекло (школки, месо), збогатена храна, производи и додатоци во исхраната. Б12 е молекулски најголемиот и најстариот структурно комплициран витамин, а може да биде произведен индустриски преку бактериска ферментација. Исто така може да се произведе синтетички.

Витамин Б12 припаѓа на класа на хемиски сродни соединенија (витамери), од кои сите покажуваат фармаколошка активност. Го содржи биохемиски реткиот елемент кобалт (хемиски симбол Со) поставен во центарот на тетрапиролниот корински прстен. Бактериите го синтетизираат во форма на хидроксикобаламин, а во организмот на човекот може да биде конвентиран во други различни форми. Витамин Б12 бил откриен како резултат на неговата поврзаност со болеста пернициозна анемија.

Дефицитот на витаминот Б12 потенцијално може да предизвика тешки иреверзибилни оштетувања, посебно на мозокот и нервниот систем. Помеѓу симптомите спаѓаат: замор, летаргија, депресија, лоша меморија, главоболки, бледило на кожата, особено кај постарите лица (над 60 години возраст) кои произведуваат помалку желудечна киселина со текот на годините, а со тоа и зголемување на веројатност на лоша апсорпција на витамин Б12. Дефицитот на витаминот Б12, исто така, може да предизвика симптоми на манија и психози.

Дефицитот на витаминот Б12 е најчесто предизвикан од внесување на негово мало количество, но исто така може да биде предизвикано од малапсорпција, одредени цревни нарушувања, мала концентрација на врзувачки белковини и употреба на одредени лекови. Витамин Б12 речиси и да нема растителни извори, па вегетаријанците се со поголема веројатност да страдаат од негов дефицит. Децата се во поголем ризик од дефицит ако се родени од мајки кои не конзумираат месо. Постарите лица кои имаат диети со ограничено количество на месо или производи од животинско потекло се ранливи популации. Дефицитот на витаминот Б12 може да се случи помеѓу 40% до 80% од вегетаријанското население. Во Хонгконг и Индија дефицит на витамин Б12 е пронајден кај околу 80% од вегетаријанското население.

Бидејќи не постои златен стандарден тест за недостаток на витамин Б12, се вршат неколку различни лабораториски тестови за да се потврди сомнителната дијагноза.Серумската вредност на витаминот Б12е прилично непогодна, бидејќи се менува доцна и исто така е релативно нечувствителна и неспецифична.[4] Метилмалонската киселина во урината или во крвната плазма се смета за функционален маркер за витамин Б12 кој се зголемува кога магацините со витамин Б12 се исцрпени.[4] Сепак, покачените нивоа на метилмалонска киселина, исто така, може да укажуваат на често занемаруваното[5] метаболичко нарушување, комбинирана малонска и метилмалонска ацидурија (CMAMMA).[6] Најраниот маркер за недостаток на витамин Б12 е ниското ниво на холотранскобаламин (holoTC), кој е комплекс на витамин Б12 и неговата транспортна белковина.[4]

Витамин Б12 е кофактор на различни метаболитички реакции кои се вклучени во метилацијата и синтезата на нуклеинските киселини и одделни невротрансмитери.

Наводи

  1. Miller, Ariel; Korem, Maya; Almog, Ronit; Galboiz, Yanina (June 15, 2005). „Vitamin B12, demyelination, remyelination and repair in multiple sclerosis“. Journal of the Neurological Sciences. 233 (1–2): 93–97. doi:10.1016/j.jns.2005.03.009. PMID 15896807 – преку PubMed.
  2. „Vitamin B12. April 22, 2014. Архивирано од изворникот на 2019-10-29. Посетено на 2017-09-18.
  3. Yamada, Kazuhiro (2013). Sigel, Astrid; Sigel, Helmut; Sigel, Roland K. O. (уред.). Interrelations between Essential Metal Ions and Human Diseases. Chapter 9. Cobalt: Its Role in Health and Disease. Metal Ions in Life Sciences. 13. Springer. стр. 295–320. doi:10.1007/978-94-007-7500-8_9.
  4. 4,0 4,1 4,2 Herrmann, Wolfgang; Obeid, Rima (2008-10-03). „Causes and Early Diagnosis of Vitamin B12 Deficiency“. Deutsches Ärzteblatt international. doi:10.3238/arztebl.2008.0680. ISSN 1866-0452. PMC 2696961. PMID 19623286.CS1-одржување: PMC-формат (link)
  5. NIH Intramural Sequencing Center Group; Sloan, Jennifer L; Johnston, Jennifer J; Manoli, Irini; Chandler, Randy J; Krause, Caitlin; Carrillo-Carrasco, Nuria; Chandrasekaran, Suma D; Sysol, Justin R (2011-09). „Exome sequencing identifies ACSF3 as a cause of combined malonic and methylmalonic aciduria“. Nature Genetics (англиски). 43 (9): 883–886. doi:10.1038/ng.908. ISSN 1061-4036. PMC 3163731. PMID 21841779. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: PMC-формат (link)
  6. de Sain-van der Velden, Monique G. M.; van der Ham, Maria; Jans, Judith J.; Visser, Gepke; Prinsen, Hubertus C. M. T.; Verhoeven-Duif, Nanda M.; van Gassen, Koen L. I.; van Hasselt, Peter M. (2016). Morava, Eva; Baumgartner, Matthias; Patterson, Marc; Rahman, Shamima; Zschocke, Johannes; Peters, Verena (уред.). A New Approach for Fast Metabolic Diagnostics in CMAMMA. 30. Berlin, Heidelberg: Springer Berlin Heidelberg. стр. 15–22. doi:10.1007/8904_2016_531. ISBN 978-3-662-53680-3. PMC 5110436. PMID 26915364.CS1-одржување: PMC-формат (link)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!