Манија претставува афективно растројство каде расположението е изразито зголемено без некои видливи мотиви и кое еволуира од безгрижна веселост до неконтролирана возбуда.[1] Состојбата е пропратена со зголемена физичка и ментална енергија, која се манифестира со хиперактивност и намалена потреба за спиење. Застапено е и губење на социјалната инхибиција и намалување на тенацитетот (насочување на вниманието) за сметка на расеаноста. Се забележува и нереално и оптимистичко зголемување на самодовербата, а можни се и перцептивни растројста, како што е доживување на живи бои. Однесувањето на субјектите во манична состојба е екстравагантно и непримерно за дадената ситуација. Тие трошат голема сума пари за непотребни нешта, кажуваат невкусни вицеви, започнуваат но не завршуваат нови работи, се интересираат за сè и сешто и сл.
Манијата како мотив во популарната култура
- „Чиста манија“ (англиски: Pure Mania) — песна на британската панк-рок група Вајбрејторс (The Vibrators) од 1978 година.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски