Кобаламин

Кобаламин
Систематско (IUPAC)
α-(5,6-dimethylbenzimidazolyl)cobamidcyanide
Клинички податоци
AHFS/Drugs.commonograph
Начин на издавање
  • UK: POM (само на рецепт)
Начин на
примена
oral, iv
Назнака
CAS-број68-19-9 Ок
ATC кодB03BA01
DrugBankAPRD00326 Н
ChemSpider10469504 Ок
KEGGD00166 Ок
ChEMBLCHEMBL1697777 Н
Хемиски податоци
ФормулаC63H88CoN14O14P
Моларна маса1355.37 g/mol
 НОк (што е ова?)  (провери)

Витаминот В12 (кобаламин, цијанокобаламин) e витамин што e растворлив во вода и е многу важен за метаболитичките процеси. Името витамин В12 во принцип се користи за група слични атоми што содржат кобалт.

По хемиската структура овој витамин е еден од најсложените витамини. Основата на овој витамин ја сочинува јадрото корина и затоа целиот овој збир на соединенија се нарекува кориноиди. Јадрото го сочинуваат четири редуцирани пиролни прстени кои се меѓусебно поврзани, додека кобалтот го сочинува средиштето на молекулата и со цврста ковалентна врска е врзан за четирите кислородни атоми. Присуството е многу важно за биолошката активност. Соединението содржи и нуклеоидни остатоци како (бази, шеќери, фосфати). Во зависност од групата која е комплексно врзана за кобалтот се разликуваат многу деривати (цијанокобаламин, хидроксикобаламин, метилкобаламин). Неговата стуктура е утврдена со методата рендгеноструктурна анализа од страна на Роберт Вудборт и Алберт Ешенмозер.

Витаминот В12 не го синтетизираат животните и растенијата, a го синтетизираат некои видиви на бактерии, како на пример микрофлората на преживарите која го синтетизира во неопходни количини. За човекот основни извори на витаминот В12 се производите од животинско потекло, морските плодови, додека месото е сиромашен извор на овој витамин. Овој витамин брзо се разградува на светло па затоа неопходно е е да се чува на темни места. Има значаен антитумуристичен ефект и може да биде добар извор на енерија не замо за човековото тело туку и за неговиот нервен систем. Го одржува нервниот систем, ја подобрува концентрацијата, памтењето и рамнотежата. Препорачани дневни количини на овој витамин за добра здравствена форма се 2 μg / ден. Недостатокот од овој витамин може да доведе до анемија и до некои невролошки болести.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!