Слобода или смрт Македонија на Македонците Самостојна македонска држава
Подземна република
Централен комитет Задгранично претставништво Четнички институт Полиција Пошта Окрузи Пунктови Правосудство
Прв устав Прв правилник Устав на ТМОРО Правилник на ТМОРО Правилник за четите на ТМОРО Устав на ВМОРО Правилник на ВМОРО Правилник за селски чети
Ресенско советување Солунски конгрес од 1896 Солунски конгрес од 1903 Смилевски конгрес Конгрес на Петрова Нива Струмички конгрес од 1904 Прилепски конгрес Скопски конгрес Солунски конгрес од јуни 1905 Солунски конгрес од август 1905 Струмички конгрес од 1905 Серски конгрес Рилски конгрес Ќустендилски конгрес Мајски конгрес
Бунтовник Право Дело Револуционерен лист Автономија (1898 - 1902) Илинден Автономија (1903) Слобода или смрт Револуција Единство
Османлиско Царство Грчка пропаганда Бугарска пропаганда Српска пропаганда Бугарска егзархија Егзархиска групација Македонски комитет Врховизам БТРБ Цончевисти Елиномакедонски комитет Српско четничко движење
МТРК Гемиџии
Основање Јануарска средба Стамболовштината Терористичка дејност Неделно училиште Училиштен кружок Велигденска мисија Односите помеѓу ТМОРО И ВМК Смрта на Делчев Илинденско востание Крушевска Република Крушевски манифест Мирцштешки реформи Борба за Македонија Директива Основите од Брут Расцеп Возобновување
Донева афера Виничка афера Валандовска афера Битолска афера Солунска афера Иванчова афера Струмичка афера Афера Мис Стон Крушевска афера Грабнувањето на Даме Груев Мацанова афера
Конзервативна струја Реформска струја Серска група Струмичка група Сарафисти
Битка кај Готен Битка кај Могила Битка кај Трсје Битка кај Слива Битка кај Арменско Битка кај Гандач Битка кај Локвата и Вињари Битка кај Маргара Битка на Ножот Битка кај Баница Битка за Мехомија Битка кај Аржинското блато Битка кај Ѓуришкиот манастир Битка кај Мечкин Камен
Даме Груев Гоце Делчев Ѓорче Петров Пере Тошев
Историја на Македонија Историја на македонскиот народ Македонско национално движење
Велигденската мисија од 1895 година претставува поголема обиколка на Македонија во име на Македонската револуционерна организација од страна на Гоце Делчев и Туше Делииванов.
Нивната задача е зацврстување и проширување на организациската мрежа, формирање на нови револуционерни комитети низ Македонија, зачленување на нови дејци и собирање на пари во името на Централниот комитет за потребите на организацијата. Во текот на оваа обиколка, Гоце Делчев и Туше Делииванов ги посетиле Велес, Солун, Кукуш, Дојран, Гевгелија, Струмица и Радовиш.
Во Солун на првиот ден од Велигден имале средба со Христо Татарчев од оваа средба тие си заминале разочарани и со впечаток дека работите во Солун подзаспале.
Од Солун тие заминале за Кукуш каде што во организацијата покрстиле 15 члена. Меѓу нив биле: Кољо Бучков, Христо Хаџи Дељов, Христо Влахов, Ицо Волчов, Гоце Икономов, Гоце Бојаџиев, Туше Гугушев и други [1]. Тогаш во организацијата била примена и сестрата на Делчев, Руша Делчева и таа се вброила меѓу првите жени членови на организацијата. За време на престојот во Кукуш, тие собрале 300 лири за ЦК на Организацијата.
За време на оваа мисијата Делчев се запознал со Аргир Манасиев. Манасиев во учебната 1894/1895 и учебната 1895/1896 бил учител во селата Негован и Ново Село, Солунско и тој бил зачленет во организацијата со што дополнително на кадровски план организацијата била засилена во солунско.
Од Кукуш, Делчев заминал во Дојран. Во врска со посетата на овој град постојат полемики дали тогаш бил формираан комитетот или тој од порано егзистираал. Имено Христо Андонов Полјански смета дека комитетот во Дојран постоел уште од крајот на 1894 година [2], а негов раководител бил Андон Костов. Како и да е со доаѓањето на Делчев во Дојран бил даден дополнителен импулс за зацврстување на организацијата во дојранско [3] .
Отаму Делчев се нашол во Гевгелија каде останал 4 дена и притоа го формирал револуционерниот комитет [4]. Први членови на комитетот во Гевгелија биле: Илија Докторов, Хаџи Нако, Андон Динков, Томе Бајалциев и велешанецот Никола Бојаџиев кои воедно станал и раководител на овој комитет.
За време на оваа мисија Делчев ги поставил и темелите на организацијата во Струмица. Меѓу првите членови на организацијата бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиље [5]. Со оваа мисија Делчев и Туше Делииванов успеале да ја зацврстаат организацијата во овој дел на Македонија.