Бевме посакале бомби од Делчева да ни прати неколку да ги видиме како изгледаат, да се покуражиме, да им се порадуваме... Бевме уште во неопределеност. Уште не се надевавме во народната сила, туку баравме спас во бомбите[2].
На 7 април1896 година дошло до првата афера која била предизвикана дирекно од самата Организација. Тој ден на влезот на Битола, кај црквата св. Недела, колџиите од Режијата за тутун во товарот со ориз на Дончо Штипјанчето пронашле 10 празни бомби, 150 набои за револвер и малку барут [3]. На 9 април, Даме испратил писмо до Андреј Љапчев во кое напишал:
Во неделата вечерта колџиите на тутунот при св. Недела во Битола го фатија кираџијата штипјанецот со 10 празни бомби во вреќи со ориз по силното спротивставување и обиди да се извлече. Во продолжение на две деноноќија бил тепан до онесвестување. Досега ништо друго не кажувал освен фразата: Оризот го купив во Виница и гоо носам на пазар, без да знам што друго содржел. Турското нселение е во паника и мисли дека и други се внесувани порано. Претсресувања уште нема никаде[4].
Поради мерките на Организацијата и цврстината на Доне не дошло до поголемо проследување и провала од пошироки размери [3]. Мерки за санација од аферата презеле Битолскиот револуционерен комитет и Централниот комитет во Солун, а особено Даме Груев.
Битолскиот комитет презел голем број на превентивни мерки. Била донесена одука доколку Доне понал да издава тајни, да се ликвидира во затворот преку луѓе на Организацијата, Пере Тошев и Ѓорче Петров се засолниле, Атанас Лозанчев и Григор Попев кој во моментот на избувнвањето на аферата се наоѓале во Прилеп, го продолжиле својот престој во градот. Била воспоставена комуникација и кординација со Петар Поп Арсов, претседател на Прилепскиот комитет. Навремено бил предупреден Гоце Делчев, а дирекниот испраќач, Коце Ефремов се засолнил во Бугарија. На крај била предупредена и даскалосана жената на Доне [3].
Даме Груев на 10 април испратил ново писмо до Андреј Љапчев, во кое побарал доколку се утврди дека Гоце Делчев, кој се подготвувал да замине за Ќустендил, се наоѓа во Бугарија да се задржи зад границата. Даме информирал и за мерките на османлиската власт како и за вознемиреноста во турската средина поради откриените бомби. Во понатамошниот дел од писмото, Даме информирал дека за разлика од вознемиреноста во турската средина, откривањето на бомбите кај македонското население имало плодотворен ефект бидејќи аферата послужила како: поткрепа на самата пропагнада на делото. На 17 април 1896 година, Даме испратил ново писмо до Љапчев во кое било истакнато дека, Доне ништо не кажал кое би можело да биде компримитирачко за Организацијата, а претресите на турската власт биле неуспешни. Поради неуспехот, во турската средина се појавиле гласини дека поради интерес на истрагата, од Цариград ќе биде донесен хипнотизер за да извлече признанија од Доне.
Делчев веста за избувнувањето на аферата ја разбрал во Виница на пат за Ќустендил. Тој решил да се врати во Штип. Таму бил повикан од кајмакамот, но во отсуство на какви било конкретни докази бил ослободен. Подоцна Делчев бил затворен во скопскиот затвор Куршумли ан, но бил ослободен повторно поради недостатот на докази и му било препорачано да доаѓа повеќе во Штип.
Епилог
Поради цврстината на Доне и навремените мерки од страна на Организацијата, не дошло до сериозни последици по макеоднското револуционерно движење. Сепак аферата го свртила вниманиетоо кон Делчев и власта разбрала дека во Штип и Битола постои заговор. Меѓутоа аферата им дала куражна сите. Доне станал синоним за истрајност на македонското население. Ѓорче Петров истакнува:
Цврстината на Доне ни направи силен впечаток и многу не окуражи... Примерот на Донета изигра голема охрабрувачка улога... Доне си создаде име во Организацијата како прататко на цврстината во најголеми страданија. Така се создаде традиција - еден друг да не поткажува, да не се издава ништо. Се натпреваруваа кој повеќе маки да истрае. Претензијата на Доне беше само да им се дава по една вреќа брашно на неговите деца и тоа го правевме... Кога излезе Доне од затвор, со смеа раскажуваше за своите маки како нешто обично[2].
Неговата цврстината била опеан од Пејо Јаворов со кого имале и лично познанство, како и од Димитар Талев кој црпел сведоштва од жена му Катерина, херојството на Дончо е воспеано и од битолчани во позната револуционерна песна Ми товарил калеш Дончо:
Ми товарил калеш Дончо,
Три товари ориз,
Па си тргнал калеш Дончо,
За пуста Битола...
На пат го сретнале Дончо,
Турски караколи,
Му најдоа пусти Турци
Бомби и патрони...
Извори
↑Димитар Димески, Аферите во Битолскиот вилает 1895-1903, Скопје, 1993
↑ 2,02,1Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.
↑ 3,03,13,2Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994
↑Даме Груев - Спомени. Коресподенција, Предговор, съставителство и бележки: Цочо Билярски, София, 1999