Серскиот конгрес на Серскиот револуционерен округ е последен конгрес од низата конгреси на Македонската револуционерна организација по Илинденското востание па сè до свикувањеото на општиот Рилски конгрес.
Собир
Конгресот започнал со работа на 29 јули 1905 година во месноста Белемето, во Пирин и траел околу 8 дена.
На него присуствувале 25-30 делегати, а меѓу нив поистакнати биле: Јане Сандански, Стојо Хаџиев, Ѓорѓи Скрижовски, Лазар Томов, Тодор Поп Антов и други. Покрај нив присуствувале и неколку гости [1].
Работа
Конгресот посебно се посветил на разгледување на извештаите на делегатите за положбата на Организацијата и населението.
Било заклучено дека организациската мрежа која била заслабена е повторно зацврстена, разврзана е интезивна дејност, духот на населението е бодро, а целото револуционерно движење станало поцврсто.
Конгресот дисутирал и за раководството, а за војводи биле избрани Јане Сандански - Мелничко, Таската Врански - Серско, Скрижовски - Разлошко, П. Милев за Неврокоп, Дедо Илија Крчовалијата и Хаџиев за Демихисарско и Ичко Бојчев за Горноџумајско [2].
Дополнително кон тоа бил направен избор за учители по селата и градовите, да се засили агитацијата меѓу другите националности и да се засили просветната дејност.
Било посветено внимание и на економските прашања, а меѓу другото било решено да се присилуваат чифликсајбиите да ги продават своите чифлизи, селаните да ги откупуваат и на тој начин да се ослободаат од чифлигарските односи ии да си ја повратат земјата [3].
Во однос на Империјата било решено да се бојкотираат нејзините финансиски мерки како што е собирањето на десетокот.
На крајот на својата работа делегатите избрале претставници за општиот конгрес на Организацијата.
Извори
- ↑ Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
- ↑ Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
- ↑ Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
Литература
- Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
- Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
- Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)