Ана Бландијана (романски: Ana Blandiana); со родено име Отилија Валерија Коман (Otilia Valeria Coman; 25 март1942, Темишвар) – романскапоетеса, есеистка, новинарка и општественик, која се смета за најголемата поетеса во романската литература на XX век.
Животопис
Бландијана е родена на 25 март1942 година во Темишвар. Татко ѝ бил свештеник кој поминал за време на комунизмот поминал многу години в затвор. Мајка ѝ била сметководителка. Нејзината прва книга била издадена во 1952 година во Клуж. За свој псевдоним го избрала името на селото на мајка ѝ во Трансилванија. Заради своето потекло, поточно заради татко ѝ постојано се соочува со проблеми при објавувањето на своите дела. Во 1967 година се преселила во Букурешт. Во периодот 1975 – 1977 работи како библиотекарка во Институтот за ликовни уметности. Од 1976 година почнуваат да се издаваат преводи на нејзините дела во странство. Оттогаш била под постојан надзор на тајните служби како дисидент.
По револуцијата од 1989 година активно се вклучила во општествениот и политичкиот живот на земјата.
Бландијана е високопризнаена фигура во романската книжевност и има напишано 17 стихозбирки, две книги фантастична проза, девет книги есеи и еден роман. Нејзиното дело е преведено на 25 јазици и претставено во 80 книги поезија и проза.
Признанија и награди
Бландијана е почесен претседател на романскиот ПЕН-клуб, основач и директор на Меморијалот на жртвите на комунизмот. Член е на поетската академија „Стефан Маларме“, на Европската академија на поезијата, на Светската академија на поезијата.
Награди:
награда за поезија на Сојузот на романските писатели (1969),
награда за поезија на Романската академија (1970),
награда за проза на Асоциацијата на романските писатели (1982),