100 книги на векот — француска класификација на книжевни дела, одбрани како најдобри на ХХ. век. Изборот на книги е резултат на проект организиран од француското книгоиздателство Fnac и списанието Le Monde во 1999 година. Служејќи се со прелиминарен список на над двесте наслови, составен од библиотеки и новинари, седумнаесет илјади Французи гласале за сто дела одговарајќи на прашањето: „Кои книги ви се останати во сеќавање?“[1]. Конечниот список покрај романи вбројува и дела од полето на поезијата, театарот и стрипот.
Најголем број од делата на списокот се на француски јазик, а останатиот дел се на некои од другите западноевропски јазици; повеќето се од писатели со потекло од континентална Европа, а помал број се од другите континенти. Иако списокот е главно составен од книжевни дела, неколку од делата на списокот се од филозофски или научен карактер, како Битие и ништост на Жан-Пол Сартр или Трите есеи за теоријата на сексуалноста на Зигмунд Фројд.
100 книги на векот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски