Бертолт Брехт

Ојген Бертолд Фридрих Брехт
Eugen Berthold Friedrich Brecht
Бертолт Брехт
Роден/а10 февруари 1898
Аугсбург,
Германско Царство
Починат/а14 август 1956
Берлин,
Источна Германија
Занимањепоет, драматург, режисер
Жанрепски театар · неаристотелова драма
Потпис
Брехт со сопругата Хелена Вагел на подвижната платформа на Берлинскиот ансамбл на берлинската првомајска парада во 1954 г.

Бертолт Брехт (германски: Bertolt Brecht), роден Ојген Бертолд Фридрих Брехт (Eugen Berthold Friedrich Brecht; 10 февруари 1898, Аугсбург, Германија - 14 август 1956) — германски поет, драматург, режисер и теоретичар на уметноста. Негови најпознати дела се: „Бал“, „Мајката храброст и нејзините деца“, „Просјачки роман“ и „Добриот човек од Сечуан“ итн.

Брехт е епохален театарски работник на XX век и неговите постигнувања се подеднакво значајни како во драматургијата, така и во театарската продукција, особено преку влијанието на Берлинскиот ансамбл (Berliner Ensemble) - театарска дружина управувана од Брехт и неговата жена и долгогодишен соработник, глумицата Хелена Вајгел.[1]

Живот и дело

Брехт се родил во Аугсбург, во граѓанско семејство, но уште од раната младост бил близок на германското револуционерно движење. За тоа сведочи описот што го дал германскиот писател Леон Фојхтвангер при првата средба со осумнаесетгодишниот Брехт, кој му ја донел својата драма за Спартак. Во 1920-тите Брехт се запознал со марксистичките погледи на светот и започнал да пишува ангажирани драми на разни општествени теми. Во тој период се поврзал со напредните германски интелектуалци, особено со режисерите Пискатор и Рајнхарт и започнал да работи во нивните театри.[2] Брехт студирал природни науки и медицина во Минхен, но набрзо се посветил на театарот. До доаѓањето на нацистите на власт во 1933, Брехт напишал повеќе дела (романи, драми и социјални поеми) од кои попознати се: „Домашни проповеди“ (поезија) „Баал“, „Тапани во ноќта“, „Човекот е човек“, „Опера за три гроша“, „Линдберговиот лет“, „Оние кои велат да и оние кои велат не“, „Мајка“ (според истоимениот роман на Горки), „Подемот и падот на градот Махагони“. итн.[3][4]

Во 1933 година, утредента по палењето на Рајстагот, Брехт заминал во доброволен егзил во Данска, каде живеел во местото Сковсбостранд во близината на Свендборг.[4] Потоа, тој преминал во Шведска и во Финска и најпосле се доселил во САД, во Санта Моника. За време на престојот во Данска ја напишал антифранкистичката драма „Пушките на Тереза Карар“, ја подготвувал новата поставка на „Опера за три гроша“ на сцената во Париз и ја напишал антинацистичката драма „Ужасот и бедата на Третиот рајх“ која била премиерно изведена во Париз од страна на германските глумци-емигранти на чело со неговата сопатничка Хелена Вајгел, за три недели ја напишал драмата „Животот на Галилеј“ и учествувал во острата расправа за експресионизмот која подоцна била објавена во московското списание „Das Wort“ кое го уредувале германските писатели-емигранти. Истовремено, тој ги скицирал теориските текстови за книгата „Купување месинг“, ја напишал драмата „Мајката Храброст и нејзините деца“, почнал да ја пишува драмата „Добрата душа од Сечуан“, уредно го водел својот „Работен дневник“, го завршил својот текст за радио „Лукуловото сослушување“, ги пишувал своите „дански“ песни и работел на недовршениот роман „Работите на господинот Јулиј Цезар“. Во 1934 година го објавил романот „Роман за три гроша“.[5] Воопшто, за време на иселеништвото, тој делувал против нацизмот и милитаризмот, и тоа како драматург, писател и издавач. Од другите негови дела напишани во емиграцијата, попознати се: „Шути и рогати“, „Соништата на Симона Машар“ (заедно со Фојхтвангер), „Швејк во Втората светска војна“, „Господарот Пунтила и неговиот слуга Мати“ итн. Во 1948 година се вратил во Источен Берлин и го основал Берлинскиот Ансамбл, кој почнал со работа во јануари 1949 година со претставата „Мајката Храброст“ во која главната улога ја играла Хелена Вајгл, неговата жена и долгогодишна соработничка. Оваа театарска група доживеала светска слава, а особено се истакнала на гостувањата во Париз.[6]

„Епскиот театар“ на Брехт

Брехт спаѓа во оние современи драмски творци кои отвориле ново поглавје во развојот на театарот. Исто така, тој спаѓа е еден од ретките потполно театарски личности (како Молиер и Гете) кои истовремено биле драмски писатели, режисери и водачи на театарски дружини. Неговото најголемо наследство е содржано во концептот на „епски театар“ кој ја опфаќа неговата теорија на театарот и драмските дела напишани во тој дух. Неговата театарска теорија ги вклучува теоријата на драмата и теоријата на режисерско-глумечката постапка.[7]

Брехт за првпат го формулирал „епскиот театар“ во 1927 година, како спротивност на концепцијата на Аристотел кој литературата ја делел на епска и драмска. Наспроти тоа, Брехт свесно ги споил овие два поима и истакнал дека театарот не треба да се темели врз емоциите, туку врз разумот. Имено, според оваа концепција, драмите треба да бидат пишувани со разумот на човекот кој е класно свесен и определен на страната на напредокот. Притоа, бидејќи живееме во времето на науката, ако театарот не може да биде наука, тогаш треба да биде на нивото на науката. Писателот треба да предизвика чувство кај публиката дека историјата е динамична и дека светот може да се менува. Во тој поглед, Брехт го наведува примерот на млад глумец кој дошол до заклучокот дека Мајката Храброст не е во состојба да сфати дека војната ја упропастува, т.е. дека таа не била способна да ги сфати класните односи и не била подготвена да ја менува стварноста. Таквиот заклучок Брехт го сметал за идеален во театарот.[8]

Спротивно на европската традиција, а следејќи ја културата на Далечниот Исток, глумецот мора да биде свесен дека го игра ликот, а не да се вовлекува во неговата кожа. Играјќи го ликот отстрана и отуѓувајќи се од него, глумецот ја постигнува целта на епскиот театар - ефектот на отуѓувањето (V-effect, Verfremdungsefefct). В-ефектот му овозможува на глумецот како класно определена личност да го набљудува ликот како класно условена личност од литературата. Тој треба точно да го познава местото на ликот што го игра во историјата на класната борба. Исто така, гледачот не смее да се поистоветува со ликовите на сцената, туку треба да заземе критички став кон нив.[9]

Опишувајќи ја разликата меѓу аристотеловскиот и својот театар, Брехт напишал: „Гледачот на драмскиот театар вели: Да, јас го искусив тоа. - Таков сум и јас. - Тоа е природно. - Така било секогаш. - Маките на ова суштество ме возбудуваат зашто нема излез. - Тоа е голема уметност: ништо не ми пречи во неа. - Плачам со оној кој плаче, се смеам со оној кој се смее. А гледачот на епскиот театар вели: Никогаш себеси не би сум претставил нешто такво. - Немаат право да прават така. - Колку е тоа необично, едноставно човек да не им верува на своите очи. - Со тоа треба да се прекине. - Маките на ова суштество ме возбудуваат зашто има излез. - Тоа е голема уметност зашто вознемирува. - Им се смеам на оние кои плачат, плачам над оние кои се смеат.“[9]

Претставата на епскиот театар може да се напушти во секое време со одреден заклучок, а може да се гледа почнувајќи од средината. Таа не предизвикува желба да се дознае расплетот, а секоја сцена има своја вредност. За да оневозможи гледачот да го нагаѓа расплетот на претставите, Брехт на почетокот на секоја сцена од своите драми опишува што се случува во неа. Глумците, режисерот, сценографијата, музиката и светлоста не се трудат да го имитираат животот и поради тоа рефлекторите треба да бидат откриени, маската очигледна, а сценографијата не треба да ги имитира реалните предмети. Исто така, претставата треба често да биде прекинувана со песни кои често се дидактички и му помагаат на гледачот класно да се определи.[10]

Поврзано

Наводи

  1. Banham (1998, 129); Bürger (1984, 87–92); Jameson (1998, 43–58); Kolocotroni, Goldman and Taxidou (1998, 465–466); Williams (1993, 277–290); Wright (1989, 68–89; 113–137).
  2. Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, Majka Hrabrost i njena deca. Beograd: Rad, 1964, стр. 87-88.
  3. Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, Majka Hrabrost i njena deca. Beograd: Rad, 1964, стр. 88.
  4. 4,0 4,1 Slobodan Glumac, „Brehtov Cezar“ во: Bertolt Breht, Poslovi gospodina Julija Cezara. Beograd: Rad, 1987, стр. 183.
  5. Slobodan Glumac, „Brehtov Cezar“ во: Bertolt Breht, Poslovi gospodina Julija Cezara. Beograd: Rad, 1987, стр. 183-184.
  6. Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, Majka Hrabrost i njena deca. Beograd: Rad, 1964, стр. 88-89.
  7. Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, Majka Hrabrost i njena deca. Beograd: Rad, 1964, стр. 87.
  8. Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, Majka Hrabrost i njena deca. Beograd: Rad, 1964, стр. 88-90.
  9. 9,0 9,1 Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, Majka Hrabrost i njena deca. Beograd: Rad, 1964, стр. 90.
  10. Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, Majka Hrabrost i njena deca. Beograd: Rad, 1964, стр. 91.

Надворешни врски

Read other articles:

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Battle of Anjar – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (January 2018) (Learn how and when to remove this template message) Battle of AnjarFakhreddine by César Gemayel depicting the Emir rallying his troops to battleDate1 November 1623LocationAnjar, Otto...

 

Keuskupan Teófilo OtoniDioecesis OtonipolitanaDiocese de Teófilo OtoniKatedral Bunda Tak Bercela di Teófilo Otoni (2011)LokasiNegaraBrazilProvinsi gerejawiDiamantinaMetropolitDiamantinaStatistikLuas25.376 km2 (9.798 sq mi)Populasi- Total- Katolik(per 2010)477.000340,000 (71.3%)InformasiGereja sui iurisGereja LatinRitusRitus RomaPendirian27 November 1960 (63 tahun lalu)KatedralKatedral Bunda Tak Bercela di Teófilo OtoniKepemimpinan kiniPausFransiskusUskup...

 

Pour les articles homonymes, voir Ellen. Ellen TerryPhoto d'Ellen Terry par Julia Margaret Cameron en 1864.BiographieNaissance 27 février 1847Coventry (Warwickshire)Décès 21 juillet 1928 (à 81 ans)Small HytheNationalité britanniqueActivités Actrice, impresaria, écrivainePère Benjamin Terry (d)Mère Sarah Ballard (d)Fratrie Kate Terry (en)Marion Terry (en)Fred Terry (en)Conjoints George Frederic Watts (1864)Charles Clavering Wardell Kelly (d) (à partir de 1877)James Carew (en) (d...

Figures basées sur l'Instabilité de Faraday. La cymatique est un néologisme créé dans la deuxième moitié du XXe siècle à partir du substantif grec « κῦμα » « vague » (par l'allemand « Kimatik ») pour désigner la technique permettant la visualisation des vibrations acoustiques ainsi qu'un discours inspiré par l'anthroposophie qui relie les vibrations en général à l'ensemble de l'univers. La cymatique oriente certaines pratiques de la ...

 

Х. Р. Міллар. Ілюстрація до уладського циклу скел. 1905. Руйнування Дому Да Хока - (ірл. - Togail Bruidne Da Choca) - давня ірландська скела (сага). Збереглась у двох рукописах з Триніті коледжу в Дубліні (копії відповідно XVI та XVII століть). Скела без сумніву була складена у стародавні часи і б

 

Annual college football all-star game This article is about the college football all-star game. For the team-competitive bowl game, see Hawaii Bowl. Hula Bowl StadiumFBC Mortgage Stadium (2022–present)LocationOrlando, Florida (2022–present)Previous stadiumsHonolulu Stadium (1960–1975)War Memorial Stadium (1998–2005)Aloha Stadium (1976–1997, 2006–2008, 2020–2021)Previous locationsHonolulu, Hawaii (1960–1975)Wailuku, Hawaii (1998–2005)Halawa, Hawaii (1976–1997, 2006–2008, ...

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (يناير 2021) مارسيلو ألفيس معلومات شخصية الميلاد 7 فبراير 1998 (العمر 25 سنة)ريو دي جانيرو  الطول 1.92 م (6 قدم 3 1⁄2 بوصة) مركز اللعب مدافع الجنسية البرازيل  معلو

 

英國侵藏戰爭英俄大博弈的一部分英軍士兵在拉薩日期1903年12月—1904年9月地点西藏结果 英國戰勝参战方  英国 英屬印度陸軍  大清 噶廈指挥官与领导者 榮赫鵬上校(負責外交) 詹姆斯·麦克唐纳(英语:James Macdonald (engineer))准将(負責軍事) 第十三世達賴喇嘛 代本拉丁色 代本朗色林兵力 10,000餘人其中作戰人員3000餘人,其餘多數是錫金、印度來的挑夫。[1]...

 

Операція «Дедстік» Операція «Тонга»Нормандська повітрянодесантна операція Міст ПегасМіст Пегас Координати: 49°14′32″ пн. ш. 0°16′28″ зх. д. / 49.2422222222497723° пн. ш. 0.27444444447221777° зх. д. / 49.2422222222497723; -0.27444444447221777 Дата: 6 червня 1944 Місце: Бенувіль, Нижня ...

Schelde redirects here. For other uses, see Schelde (disambiguation). River in France, Belgium and the Netherlands This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Scheldt – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2018) (Learn how and when to remove this template message) ScheldtThe Scheldt in Ant...

 

2009 single by Takayoshi Tanimoto (Dragon Soul)Dragon SoulSingle by Takayoshi Tanimoto (Dragon Soul)A-sideDragon SoulB-sideMuteki Aura no EnergyReleasedMay 20, 2009 (2009-05-20)GenrePop rockLabelColumbiaSongwriter(s)Yumi YoshimotoTakayoshi Tanimoto (Dragon Soul) singles chronology Dragon Soul (2009) Yeah! Break! Care! Break! (2009) Dragon Soul is the seventh single by Japanese singer Takayoshi Tanimoto. He performed the song with guitarist and composer Takafumi Iwasaki as part ...

 

8.2 Mw earthquake and tsunami off of Mexico and Guatemala Chiapas earthquake redirects here. For the 1995 earthquake, see 1995 Chiapas earthquake. You can help expand this article with text translated from the corresponding article in Spanish. (October 2018) Click [show] for important translation instructions. View a machine-translated version of the Spanish article. Machine translation, like DeepL or Google Translate, is a useful starting point for translations, but translators must rev...

For the hospital in Monrovia, Liberia, see John F. Kennedy Medical Center (Liberia). This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: JFK Medical Center Edison, New Jersey – n...

 

Canadian television channel The Score Television Network redirects here. For other uses, see The Score (disambiguation). Television channel Sportsnet 360Sportsnet 360 logoCountryCanadaBroadcast areaNationalHeadquartersToronto, OntarioProgrammingLanguage(s)EnglishPicture format480i (SDTV)1080i (HDTV)OwnershipOwnerRogers Sports & Media (Sportsnet 360 Television Inc.[1])Sister channelsSportsnetSportsnet OneSportsnet WorldWWE NetworkHistoryLaunched1994 (as licence-exempt service)May 1...

 

Júlio César Campozano Júlio César CampozanoPaís Ecuador EcuadorFecha de nacimiento 31 de enero de 1986 (37 años)Lugar de nacimiento Guayaquil, EcuadorProfesional desde 2004Retiro 2014Brazo hábil Diestro, revés a dos manosDinero ganado $ 145,730IndividualesRécord de su carrera 13-12Títulos de su carrera 0 ATPMejor ranking 197° (1.04.2013)Resultados de Grand SlamAbierto de Australia Q1 (2013)Roland Garros Q2 (2013)Abierto de EE. UU. Q1 (2012)DoblesRécord de su carrera...

American politician George TillTill in 2018Member of the Vermont House of Representativesfrom the Chittenden 3rd districtIncumbentAssumed office January 7, 2009Preceded byGaye Symington Personal detailsBorn (1952-11-07) November 7, 1952 (age 71)Pittsburgh, Pennsylvania, U.S. George W. Till (born November 7, 1952) is an American Democratic politician. He is a member of the Vermont House of Representatives from the Chittenden 3rd District, having first been elected in 2008....

 

American actor (1928-2006) Tony FranciosaFranciosa in 1969BornAnthony George Papaleo(1928-10-25)October 25, 1928New York City, NY, U.S.DiedJanuary 19, 2006(2006-01-19) (aged 77)Los Angeles, California, U.S.Other namesTony FranciosaOccupationActorYears active1955–1996Spouses Beatrice Bakalyar ​ ​(m. 1952; div. 1957)​ Shelley Winters ​ ​(m. 1957; div. 1960)​ Judy Balaban ​ ...

 

Esoteric programming language LOLCODEParadigmesotericDesigned byAdam LindsayFirst appeared2007Filename extensions.lol, .lolsWebsitelolcode.orgInfluenced byLolcats LOLCODE is an esoteric programming language inspired by lolspeak, the language expressed in examples of the lolcat Internet meme.[1] The language was created in 2007 by Adam Lindsay, a researcher at the Computing Department of Lancaster University.[2][3] The language is not clearly defined in terms ...

Region in the United States Smoky HillsHighest pointElevation522 m (1,713 ft) GeographyCountryUnited StatesStatesKansas and NebraskaRegionPlains Border (subregion)Range coordinates38°47′30″N 97°59′51″W / 38.79167°N 97.99750°W / 38.79167; -97.99750Parent rangeGreat PlainsGeologyAge of rockCretaceous The Smoky Hills are an upland region of hills in the central Great Plains of North America. They are located in the Midwestern United States,...

 

Questa voce o sezione deve essere rivista e aggiornata appena possibile. Sembra infatti che questa voce contenga informazioni superate e/o obsolete. Se puoi, contribuisci ad aggiornarla. FIBA Asia Under-18 ChampionshipSport Pallacanestro FederazioneFIBA Asia ContinenteAsia OrganizzatoreFIBA Asia TitoloCampione d'Asia Under-18 CadenzaBiennale Partecipanti16 StoriaFondazione1970 Detentore Cina Record vittorie Cina (11) Modifica dati su Wikidata · Manuale I Campionati asiatici maschili di ...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!