Разум е способноста за свесното придавање смисла на нештата, за воспоставување и верифицирање на факти и за менување или оправдување на вештините, институциите и верувањата врз основа на нови или постоечки информации. Разумот е тесно поврзан со такви карактеристични дејства на човекот како филозофија, наука, јазик, математика и уметност и обично се смета за конечна одлика на човечката природа. Концептот на разумот понекогаш се нарекува рационалност, а понекогаш дискурзивен разум, што е спротивно на интуитивниот разум.
Разумот или „резонирањето“ (односно „расудувањето“) е поврзано со размислувањето, спознанието и интелектот. Разумот, како и навиката или интуицијата, е еден од начините со кој размислувањето доаѓа од една идеја до друга сродна (поврзана) идеја. На пример, со негова помош рационалните битија се разбираат меѓусебно во однос на размислувањето за причината и последицата, вистината и лагата, како и тоа што е добро, а што лошо.