Драмска уметност

Драмска уметност — гранка на сценските уметности што се занимава со изведба на приказни во театар пред публика комбинирајќи инструменти како говор, гест, музика, звук и спектакл. Во продолжение на стандардниот наративен дијалог, театарот завзима такви форми како опера, балет, пантомима, кабуки, класични индиски танци и кинеска опера.

Театарски жанрови

Покраинскиот театар во Касел, Германија

Постојат повеќе жанрови што писателите, продуцентите и режисерите можат да ги искористат за да одговорат на различните вкусови. Ова е нецелосна и ексклузивно евроцентрична листа:

„Музички театар“ е театарски жанр во кој главните средства за изведба се пеењето и музиката.

„Фарса“ е комично драмско дело што се користи со многу неверојатни ситуации, стеретипни ликови, екстравагантно претерување и агресивна физичка глума.

„Комедија“ доаѓа од грчкиот збор „комос“ што значи „прослава“. Не мора да значи дека драмата е смешно, но таа се фокусира на проблем што води кон одредена форма на катастрофа која на крајот се разрешува со среќен крај.

„Мелодрама“ е, оригинално, сентиментална драма со музичка подлога. Често приказната е нверојатно и се фокусира на патењето на доброто под рацете на злото, но завршува среќно со победа на доброто. Содржи стандардни ликови како благородниот херој, хероината што патела долго време и ладнокрвниот негативец.

„Трагедија“ е драма што преку сериозен и достоинствен стил ги прикжаува ташните или страшните настани што му се случуваат на или се предизвикани од главниот херој.

Монолог“ е обично кој било говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, но како форма на драма, тој подразбира лик што директно и се обраќа на публиката или искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите глумци се тивки.

„Театар на абсурдот“ е поим составен од Мартин Еслин и претставува театар во кој ликовите се дел од абсурдни, бесмислени активности. Поврзан со егзистенцијализмот.

Теорија на драмската уметност

Народниот театар (Народно позориште) во Белград, Србија

Според Гете, за да се пишуваат драмски дела е потребна посебна способност, зашто делата може да бидат интересни за читање и за размислување, но сосема поинаку изгледаат кога ќе се прикажат во театарот. За да биде добро, драмското дело мора да биде симболично, а тоа значи дека секое дејствие мора да има вредност сама по себе и во неа да се наоѓа зачетокот на уште поважно дејствие.[1] Гете го исмева класичниот закон за тројното единство на драмското дејствие нарекувајќи го „најглупав закон“. Според него, основа на драмата, а јасното дејствие, а трите единства се добри само ако со нив се постигнува јасно дејствие, а во спротивно, писателот не треба да се придржува кон нив. Со други зборови, многу е поважно добро да се прикаже предметот на драмата, а не слепо да се почитува законот за тројното единство. Притоа, ако предметот има морално дејствие, тоа ќе се изрази самото по себе, дури ако писателот се грижи само за ефикасна и уметничка обработка на предметот на драмата.[2] Ако драмскиот писател е продуктивен и има благороден менталитет кој се одразува во драмските дела, тогаш тие можат да ја освојат душата на народот. Затоа, драмскиот писател кој ја познава својата мисија, треба постојано да работи на своето усовршување за да изврши благородно влијание врз народот.[3] Што се однесува до театарскиот глумец, според Гете, за да ја почувствуваме неговата слобода на духот, тој мора потполно да владее со својата улога, а тоа ќе го постигне со проучување и со својата фантазија и темперамент, а мора да поседува и одредена младешка енергија. За таа цел, глумецот треба да учи од сликарите и вајарите, меѓутоа усвојувањето на телесното не е доволно, туку глумецот треба да ги проучува старите и новите писатели и така да го образува својот дух, а тоа ќе му помогне да ја разбере својата улога.[4]

Во својот романПортрет на уметникот во младоста“, ирскиот писател Џејмс Џојс ја дели уметноста на три облици што произлегуваат еден од друг: лирски облик во кој уметникот ја дава својата слика во непосреден однос кон себеси; епски облик во кој ја дава својата слика во посреден однос кон себеси и кон другите; и драмски облик во кој ја дава својата слика во непосреден однос кон другите. Притоа, драмскиот облик се достигнува кога животната сила ја исполнува личноста толку многу што таа поприма посебен и недофатлив естетски живот. Тогаш, личноста на уметникот престанува да постои и станува безлична. Естестката претстава во драмскиот облик е животот пречистен во човечката фантазија повторно проектиран од неа. Тогаш, уметникот, како Бога, останува во своето дело или покрај или зад или над него, невидлив и облагороден толку многу што повеќе не постои.[5]

Според Карло Рагијанти, кога од книгата се преминува на сцената се јавува нов уметнички род - претставата чиј автор е новиот ликовен уметник - режисерот, додека остатокот, независно дали се работи за „Хамлет“ е само техничко средство, претекст. Во таквите случаи не треба да го бараме авторот на пишаниот збор или тој треба да се бара во библиотеките, зашто во театарот нема да го најдеме. Според него, постои една група режисери, до Станиславски до Копо, која го почитува текстот и ги истакнува неговите поетски квалитети. Но, постои и друга група режисери (Гордон Крејг, Тајров, Меерхолд и Пискатор) за која претставата е сè а текстот е ништо. Според Рагијанти, овие режисери се вистински уметници на претставата. Ваквата поделба имплицитно претпоставува дека постојат два вида театри: театар кој им припаѓа на авторите и театар во кој вистинскиот автор е прикажувачот на делото, кој ги развива и ги степенува визуелните аспекти на театарот.[6] Оттука, во есејот „Уметноста на претставата“ од 1957 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале тврди дека во театарот е присутен очигледен хаос на двосмисленоста, зашто често се бара авторот, а него не го пронаоѓаме. Воопшто, се добива впечаток дека делото напишано за театар однапред е структурално вообличено во една перспектива која не отфрла, туку ја бара помошта на претставата.[7] Слично на тоа, во есејот „Бегство од времето“ од 1958 година, Монтале вели дека попусто го бараме името или гласот на авторот во театарските претстави, зашто вистинскиот автор е екипата што ја поставила театарската машина, која претходно се погрижила делото да го исчисти од остатоците на поезијата.[8]

Во записот „Театар“, француската писателка Маргерит Дирас тврди дека драмската игра одзема од текстот и не му носи ништо; напротив, таа ја одзема присутноста на текстот, длабочината, ткивото, крвта. Поради тоа, Дирас повикува на „театар кој се чита, а не се игра“.[9]

Во есејот „Немаме од што да се плашиме, но...“ од 1961 година, Еуџенио Монтале тврди дека современиот театар е во агонија, зашто не успева да биде доволно современ, а вистинкиот поетски театар се прифаќа само кога се претвора во спектакл.[10]

Драмската уметност во Македонија

Во 2012/2013 година, во Македонија работеле 19 професионални театри со 1 181 претстава кои ги посетиле 235 000 лица. Во сезоната 2022/2023 година имало 20 театри со 1 009 претстави и со 183 000 посетители.[11]

Театарот како тема во уметноста и во популарната култура

Театарот се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Поврзано

Наводи

  1. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 71.
  2. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 76-77.
  3. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 79-80.
  4. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 78-79.
  5. Džems Džojs, Portret umetnika u mladosti. Beograd: Rad, 1964, стр. 223-224.
  6. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 97-98.
  7. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 99.
  8. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 114-115.
  9. Margerit Diras, Stvarni život. Sarajevo: Svjetlost, 1988, стр. 15.
  10. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 135.
  11. „Основни податоци за културата во 2023 година“, Економија и бизнис, година 27, број 320, 1 октомври 2024, стр. 54.
  12. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 53.
  13. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 108.
  14. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 106-107.
  15. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 104-105.
  16. Михаил Булгаков, Театарски роман. Скопје: Бегемот, 2013.
  17. Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 49-53.
  18. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 126-127.
  19. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 156-161.
  20. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 93-94.
  21. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 16.
  22. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 135-136.
  23. Иван Шопов, Азбука и залутани записи, Темплум, Скопје, 2010.
  24. Descendents – Milo Goes To College (пристапено на 25.6.2022)
  25. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)

Read other articles:

كفر يوسف  -  قرية مصرية -  تقسيم إداري البلد  مصر المحافظة محافظة الدقهلية المركز شربين المسؤولون السكان التعداد السكاني 5761 نسمة (إحصاء 2006) معلومات أخرى التوقيت ت ع م+02:00  تعديل مصدري - تعديل   قرية كفر يوسف هي إحدى القرى التابعة لمركز شربين في محافظة الدقهلية...

 

Leopold Kölbl (* 26. März 1895 in Wien; † 25. Dezember 1970 ebenda) war ein österreichischer Geologe. Seit 1932 Mitglied der NSDAP, war er von 1935 bis 1938 Rektor der Universität München. Seine wissenschaftliche und politische Karriere endete 1939 mit seiner Verhaftung und späteren Verurteilung aufgrund zu dieser Zeit strafbarer homosexueller Handlungen. Inhaltsverzeichnis 1 Leben 1.1 Werdegang bis 1934 1.2 Politische Aktivitäten 1.3 An der Münchner Universität 1.4 Bewertung der T...

 

África do Sul nos Jogos Olímpicos de Inverno de 1998 Comité Olímpico Nacional Código do COI RSA Nome South African Sports Confederation and Olympic Committee «site oficial» (em inglês)  Jogos Olímpicos de Inverno de 1998 Organizador Nagano, Japão Competidores 2 em 2 modalidades Medalhas Pos.n/d 0 0 0 0 Participações nos Jogos Olímpicos Verão 1904 • 1908 • 1912 • 1920 • 1924 • 1928 ...

Protein-coding gene in the species Homo sapiens GAD1Available structuresPDBOrtholog search: PDBe RCSB List of PDB id codes2OKJ, 3VP6IdentifiersAliasesGAD1, CPSQ1, GAD, SCP, glutamate decarboxylase 1, DEE89External IDsOMIM: 605363 MGI: 95632 HomoloGene: 635 GeneCards: GAD1 Gene location (Human)Chr.Chromosome 2 (human)[1]Band2q31.1Start170,813,213 bp[1]End170,861,151 bp[1]Gene location (Mouse)Chr.Chromosome 2 (mouse)[2]Band2 C2|2 41.63 cMStart70,383,416 bp&#...

 

اضغط هنا للاطلاع على كيفية قراءة التصنيف متحولة لثوية متحولة لثوية من جيبة دواعم السن.[1] المرتبة التصنيفية نوع  التصنيف العلمي النطاق: حقيقيات النوى الشعبة: أميبيات الشعيبة: Archamoebae الجنس: المتحولة النوع: المتحولة اللثوية الاسم العلمي Entamoeba gingivalis تعديل مصدري - تعديل ...

 

Fictional character from Attack on Titan Fictional character Eren YeagerAttack on Titan characterEren, as depicted in the Attack on Titan mangaFirst appearanceAttack on Titan chapter 1: To You, 2,000 Years from Now (2009)Last appearanceAttack on Titan chapter 139: Toward the Tree on That Hill (2021)Created byHajime IsayamaPortrayed byHaruma MiuraVoiced byJapanese:Yuki KajiEnglish:Bryce PapenbrookIn-universe informationFull nameEren YeagerAliasThe Rogue TitanThe Attack TitanThe Founding TitanT...

هذه المقالة بحاجة لصندوق معلومات. فضلًا ساعد في تحسين هذه المقالة بإضافة صندوق معلومات مخصص إليها. هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (أكتوبر 2015) جزء من سلسلة مقالات حولعلم التفسير مناهج التفسير التفسير...

 

Не следует путать с Федеративной Республикой Сомали — ныне существующим государством. Историческое государствоСомалийская республикасомал. Jamhuuriyadda Soomaaliyeedитал. Repubblica Somalaараб. الجمهورية الصومالية‎ Флаг Герб Гимн: «Soomaaliya Ha Noolaato» ← ←   → 1 июля 1960 — 21 ок...

 

Esta página cita fontes, mas que não cobrem todo o conteúdo. Ajude a inserir referências. Conteúdo não verificável pode ser removido.—Encontre fontes: ABW  • CAPES  • Google (N • L • A) (Novembro de 2022) Desmond Miles Informações gerais Série Assassin's Creed Primeiro jogo Assassin's Creed (2007) Dublador em inglês Nolan North Informações pessoais Sexo Masculino Data de nascimento 13 de março de 1987 Terra natal Bl...

Indian politician For other similarly named people, see Ananth Kumar (disambiguation). Anantkumar HegdeMinister of State for Skill Development EntrepreneurshipIn office3 September 2017 – 24 May 2019Prime MinisterNarendra ModiPreceded byRajiv Pratap RudyConstituencyUttara KannadaMember of Indian ParliamentIncumbentAssumed office 2004Preceded byMargaret AlvaConstituencyUttara KannadaIn office1996–1999Preceded byG. Devaraya NaikSucceeded byMargaret AlvaConstituencyUttara Kannada...

 

Protected area in New South Wales, AustraliaWollumbin National ParkNew South WalesIUCN category II (national park) Mount Warning as seen from the Tweed River and Point DangerWollumbin National ParkCoordinates28°23′23″S 153°16′07″E / 28.38972°S 153.26861°E / -28.38972; 153.26861Established1 October 1967 (1967-10-01)Area24 km2 (9.3 sq mi)Managing authoritiesNational Parks and Wildlife Service (New South Wales)See alsoProtected ar...

 

Investment promotion agency in Serbia Vojvodina Investment Promotion - VIPEstablished2004 (2004)ChairBranislav BugarskiStaff15[1]AddressNarodnog fronta 23dLocationNovi Sad, SerbiaWebsite[1] Vojvodina Investment Promotion (VIP) is a regional investment promotion agency founded by the Parliament of the Autonomous Province of Vojvodina which provides advisory and assistance services to foreign companies wishing to locate their businesses within the region of Vojvodina. History Vojvo...

Animated film directed by Kevin Lima and Chris Buck This article is about the film. For the soundtrack, see Tarzan (1999 soundtrack). For the video game, see Tarzan (video game). For the franchise, see Tarzan (franchise). TarzanTheatrical release posterDirected by Kevin Lima Chris Buck Screenplay by Tab Murphy Bob Tzudiker Noni White Story by Stephen Anderson Mark D. Kennedy Carole Holliday Gaëtan Brizzi Paul Brizzi Don Dougherty Ed Gombert Randy Haycock Don Hall Kevin L. Harkey Glen Keane B...

 

Letak Provinsi Maputo di Mozambik Provinsi Maputo merupakan sebuah provinsi di Mozambik. Provinsi ini memiliki luas wilayah 26.058 km². Dengan memiliki jumlah penduduk sebanyak 1.000.000 jiwa (2002). Ibu kotanya ialah Matola. Distrik Distrik Magude Distrik Manhiça Distrik Maracuene Distrik Moamba Distrik Namaacha Distrik Matutuine Distrik Boane Munisipalitas Manhiça Matola Artikel bertopik Afrika ini adalah sebuah rintisan. Anda dapat membantu Wikipedia dengan mengembangkannya.lbs

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (ديسمبر 2018) قرية بيت بن مثنى  - قرية -  تقسيم إداري البلد  اليمن المحافظة محافظة أبين المديرية مديرية رصد ...

This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Manda Hararo – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (February 2012) (Learn how and when to remove th...

 

Haseena Khanহাসীনা খাঁনBornGendaria, Old Dhaka, BangladeshAlma materUniversity of DhakaKnown forContribution to Jute genome decodingAwardsIndependence Day Award, 2019Scientific careerFieldsGenetics, BiochemistryInstitutionsUniversity of Dhaka Haseena Khan is a Bangladeshi scientist, professor and fellow of Bangladesh Academy of Sciences. She is known for her lead on decoding Genome of Tenualosa ilisha from the river Padma. She was awarded Independence Day Award, ...

 

Species of bird Pacific black duck Conservation status Least Concern (IUCN 3.1)[1] Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Chordata Class: Aves Order: Anseriformes Family: Anatidae Genus: Anas Species: A. superciliosa Binomial name Anas superciliosaGmelin, 1789 Subspecies See text Natural range of the Pacific black duck The Pacific black duck (Anas superciliosa) is a dabbling duck found in much of Indonesia, New Guinea, Australia, New Zealand, a...

Pandemi COVID-19 di HawaiiPeta penyebaran di Hawaii menurut persen orang yang terinfeksi (pada 11 Oktober)   10.00%+ terkonfirmasi terinfeksi   3.00%-10.00% terkonfirmasi terinfeksi   1.00%-3.00% terkonfirmasi terinfeksi   0.30%-1.00% terkonfirmasi terinfeksi   0.10%-0.30% terkonfirmasi terinfeksi   0.03%-0.10% terkonfirmasi terinfeksi   0.00%-0.03% terkonfirmasi terinfeksiPenyakitCOVID-19Galur virusSARS-CoV-2LokasiHawaii, ...

 

Chinese author (born 1960) For the rower, see Yu Hua (rower). In this Chinese name, the family name is Yu. Yu HuaYu Hua at the 2005 Singapore Writers FestivalNative name余华Born (1960-04-03) April 3, 1960 (age 63)Hangzhou, Zhejiang, China[1]OccupationNovelist, essayistLanguageChineseNationalityChineseAlma materLu Xun Literature SchoolPeriod1984 – presentGenreNovel, proseLiterary movementAvant-gardeNotable worksTo Live (1993) Chronicle of a Blood Merchant (1995) Brothers ...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!