Селото лежи во јужноото подножје на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од 9 км2.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи Сејдли (Hadži Seidli) како село со нејасен етнички состав.[5]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
10
—
1953
8
−20.0%
1961
8
+0.0%
1971
0
−100.0%
1981
0
0.00%
Година
Нас.
±%
1991
0
0.00%
1994
0
0.00%
2002
0
0.00%
2021
0
0.00%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]
Во периодот пред Втората светска војна, населението на Хаџи-Сејдели доживеало голем пад, при што во 1948 г. се забележани 10 жители, а по неколку години тие се намалиле на 8. Во текот на 1950-тите сите Турци (т.е. целото население) го напуштиле селото, а на нивно место се доселиле 4 Албанци и 4 „останати“ лица.[7] Во 1960-тите Хаџи-Сејдели било наполно иселено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Доселеници:Демирарлар (5 к.), Ѓелолар (3 к.), Шабанлар (1 к.) и Беќирлар (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Усиналардан (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Мушанци; Мамуџик (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Орта Маало.[12]