Орта Маало или Орта Мале — историско село во Штипско, денес во најсевернот дел на атарот на Црвени Брегови, Општина Неготино.
Географија
Селото се наоѓало на 20 км југозападно од Штип, во северозападното подножје на Конечка Планина (Серта), на 5 км источно од Хаџи-Сејдели.
Историја
Во XIX век Орта Маало било турско село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Јокари Орта Махле имало 190 жители, а Ашаки Орта Махле - 115 жители, сите Турци.[2]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена показва Орта махале (Orta Mahale) е покажано заедно со соседното маало Дуванци (Доганли, Doganli) како села со нејасен етнички состав.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Турци.[4]
Родови
Орта Маало било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Доселеници: Хаџи-Агушлар (6 к.), Ѓеримамиџалар (4 к.), Курдалилар (3 к.), Рустемлер (3 к.), Кадирамиџалардан (1 к.), стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Латифовци (1 к.) доселени во 1913 година од селото Кара Оџали, а таму во 1908 година од селото Пештерница; Усин-Јајалар (4 к.) доселени биле во 1913 година од раселеното село Дуванци; Незирлар (1 к.) доселени во 1913 година од селото Кара Оџанли; Оџанан (1 к.) доселени од селото Шеоба.[5]
Иселеништво
Иселеници има во Турција.
Поврзано
Наводи