Селото се наоѓа во источниот дел од областа Тиквеш, од левата страна на Вардар, на подножјето на Конечка Планина. Селото е ридско на надморска височина од 420 метри. Од градот Неготино населбата е оддалечена 13 километри.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци и 25 до 50 Власи.[3]
Во 1953 година, во селото живееле 195 жители, од кои 109 Турци, 49 Власи, 1 Македонец и 43 останати.
Иселувањето на турското население по Првата светска војна, а уште помасовно и во средината на педесеттите години од XX век, го зафатило и селото Пештерница, но е едно од селата кои потоа не продолжило да егзистира, ненаселувајќи го друго население. Во 2002 година, селото е целосно раселено и нема жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Староседелци:Бајрамчевци (5 к.), Беќировци (2 к.) и Халимовци (2 к.) мешајќи се со ТурцитеЈуруци го научиле турскиот јазик.
Доселеници:Беќировци (1 к.) доселени биле околу 1860 година од Неготино; Аметлер (1 к.) доселени биле околу 1870 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци; Вејселер (1 к.) и Еминлар (1 к.) доселени биле во 1900 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци.[8]