Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Пет професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 24 екипи. Секоја екипа настапила со по седум возачи, со што на почетокот имало 175 возачи. Од овие возачи, 152 ја завршиле трката.[3][4]