Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ) - македонска политичка партија.
Историја
Партијата е формирана во 1990[1] и е една од првите регистрирани партии во Македонија чиј претседател и еден од основачите бил Славко Милосавлевски. На парламентарните избори во 1990 година освоила 1,6% од гласовите во првиот круг односно 0,6% во вториот.[2] Во некои подрачја учествувала во коалиција заедно со Сојузот на реформски сили, но не успеала да освои пратеничко место.
И покрај помалиот број на гласови добиени од претходните избори, на парламентарните избори во 1994, партијата успеала да освои едно пратеничко место во Собранието.[2]
СДПМ не учествувала на парламентарните избори во 1998[3], но повторно учествувала на следните избори во 2002 година каде што освоила само 0,3% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место. На парламентарните избори во 2006 година, партијата забележала благ пораст, односно добила 0,9% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место. На парламентарните избори во 2008 година партијата освоила 0,6% од вкупниот број на гласови повторно не успевајќи да освои пратеничко место. Сличен процент партијата добила и на парламентарните избори во 2011 и подоцна во 2014 каде што освојува 0,6% односно 0,2% од вкупниот број на гласови. Партијата не учествувала на парламентарните избори во 2016 година.
Контроверзност
Многумина сметале дека одржливата бројка која варирала од околу 4.000 до околу 8,000 гласови на парламентарните избори во 2006, 2008 и 2014 се должела на тоа што на кандидатските листи коишто СДПМ ги пријавувала на тие избори, стоеле слични имиња и презимиња на кандидати од најголемите две партии (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ).
Партијата повторно се обидела да го направи истиот потег при пријавување на кандидатски листи на изборите во 2016 година, но Државната изборна комисија ги одбила.[4][5][6]
Наводи
- ↑ The Republic of Macedonia's 2014 Parliamentary Elections Handbook Konrad Adenauer Stiftung
- ↑ 2,0 2,1 Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1288 ISBN 978-3-8329-5609-7
- ↑ Nohlen & Stöver, p1281
- ↑ Кандидати на СДСМ добија дублери: Продановски, Николовски, Шукуроска, телевизија 24 Вести, 12.11.2016
- ↑ Финти со слични имиња повторно ќе ги бунат гласачите на избори, НоваТВ, 12.11.2016
- ↑ ДИК ги констатираше кандидатските листи, исклучени контроверзни имиња од СДПМ Архивирано на 17 ноември 2016 г., Кајгана, 14.11.2016
|
---|
| ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата (58 пратеници) | |
---|
| СДСМ и коалицијата (18 пратеници) | |
---|
| Европски фронт (18 пратеници) | |
---|
| Вреди (14 пратеници) | |
---|
| Други партии | |
---|
| Други вонпарламентарни партии | |
---|
| |
|