Движење ЗНАМ - За наша Македонија (ЗНАМ) — македонска политичка партија со левичарска идеологија основана од поранешниот член на СДСМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Идеологија
Максим Димитриевски ги опишува неговите ставови како социјално и економски левичарски но национално десничарски од центарот. [1]
Димитриевски рече дека главната цел на неговата партија ќе биде обединување на граѓаните и враќање на државата на вистинскиот пат кон темелите на нашата државност. Целта на партијата не е да биде опозиција, туку да ја освои власта, а првиот чекор од оваа позиција ќе биде укинување на последните измени на Кривичниот законик, донесени под „европско знаме“.[2]
Димитриевски рече дека неговото движење може да ги привлече и подржувачите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но повеќето од нив ќе бидат неопределени граѓани кои не се занимавале со политика и имаат можности да ја покажат нивната работа".[2]
Историја
На 9 октомври 2023 година се одржа основачкиот конгрес на партијата ЗНАМ. На конгресот претставници на 10 граѓански здруженија потпишаа иницијатива за формирање партија.[3][4] За претседател е избран Максим Димитриевски, а како дел од претседателството се именувани Катерина Тодороска, Емил Јанески и Весна Бендевска.
На 23 декември 2023 година, регистрацијата на партијата ЗНАМ беше завршена.
Движењето ја објави својата намера да учествува на двојните избори во 2024.[5][6]