Демократски сојуз

Демократски сојуз
ВодачПавле Трајанов[1]
Генерален секретарВерица Филиповска
Основана25 март 2000 [2]
ШтабСкопје, Република Македонија
Полит. положбаЛевица
Боибела, темна нијанса на сина
Собрание
0 / 120
Општини
0 / 80
Мрежно место
www.demokratskisojuz.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Демократскиот сојуз (ДС) — политичка партија од Република Македонија. Основана е на 25 март 2000 година. Нејзин претседател е Павле Трајанов.

Цели на партијата

Поттикнување и развој на демократските процеси и владеење на правото, заштита и унапредување на основните човекови права и слободи, заштита на националните и државните интереси, суверенитетот територијалниот интегритет на Република Македонија, остварување на економски, социјални, политички, културни и други права и уверувања на граѓаните, ефикасна борба против организираниот криминал, корупцијата и наркоманијата, вклучување на граѓаните во создавањето и решавањето на актуелните животни прашања, слобода на информирањето и воспоставување на јавноста како коректор на извршната, законодавната и судската власт и учество во постапката за избор на претставници во органите.[3]

Политичка активност

Партијата за првпат учествувала самостојно на парламентарните избори во 2002 година на кои освоила 1,2% од гласовите и не успеала да освои мандат. Во декември 2003 година стапи во коалиција „Третпат“, заедно со Демократската алтернатива и со Социјалистичката партија на Македонија. По повлекувањето на партијата од коалицијата пред локалните избори 2005 година, партијата останала во коалиција со СПМ, а подоцна овие две партии се приклучиле во изборна коалиција предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапиле и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори за пратеник во Собранието на Република Македонија бил избран претседателот на партијата, Павле Трајанов. Партијата останала во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на трите последователни парламентарни избори во 2008, 2011 и 2014.

На парламентарните избори во 2016 година, Демократскиот сојуз учествувал во коалицијата „Коалиција за промени и правда“ составена од партиите ФроДеМ, МОРО-РП и ДЕМОС. Коалицијата освоила 10.028 гласови или 0,84% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 1 пратеничко место.

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!