Во Македонија, селото Подлес се наоѓа јужно од Велес, односно југозападно од Градско (17 км). Селото е расположено на потоците Ризовец и Карапеовец во подножјето на Ветерско и Шумарот.
Селото е доста богато со вода. Има шест чешми (Маслинките, Долна чешма, Галабова чешма, Беговица, Црквата и Улица). Во околината на селото исто така има повеќе извори и чешми. Од кои попознати се: Калиманска чешма; Празниторба; Даброво; Ливаѓе; Карапеовец; Орловец; Србиница; Вирот; Каракашица; Стан; Папучани и др.
Подлес е типично македонско село од збиен тип. Во селото се наоѓаат зачувани куќи со стара архитектура, кои се изградени со плочи и камења, со убави дрвени чардаци, а до куќите водат калдрмисани сокачиња.[3]
До селото води асфалтиран пат од општинското средиште Градско, а на самиот влез во селото се наоѓа и вештачкото Подлешко Езеро, кое неодамна било и уредено со видиковци.
Подлес и останатите села од општина Градско расположени на источните падини на планината Клепа се дел од засебна етногеографска целина наречена Клепа. Оваа област спаѓа во поширокиот Повардарски етногеографски регион.
Историја
За време на Отоманското Царство, селата околу планината Клепа биле организирани во истоимена територијално административна единица - нахија Клепа.
Потекло и значење на името
За настанокот на името на селото Подлес постои легенда меѓу населението. Северозападно од Подлес на оддалеченост од околу пет километри некогаш се наоѓала населбата Припор чиешто население се занимавало со земјоделство и сточарство, а од стока се одгледувале: волови, коњи, магариња, овци и особено многу свињи поради доста погодните услови во околината побата со дабова шума со желади кои се основна и извонредна храна за нив[4]. Заради тоа свињите секогаш биле пуштани сами да се хранат со корени и желади, па еден ден свињата на некојси Ташо се изгубила во шумата, а тој барајќи ја насекаде стигнал во атарот на селото Подлес[4]. Наеднаш го слушнал нејзиното грофтање и по гласот открил дека свињата била скриена под ладовината на едно лесково дрво[4]. Откако се вратил со свињата во Припор, Ташо на селаните им одговорил дека свињата ја нашол под една леска кај еден извор, заради што тие се заинтересирани го посетиле местото и откако виделе дека едоста богато со вода и во заветрина решиле да се населат таму[4]. Така на местото околу и леската се основало кое заради пронаоѓањето на свињата на Ташо под леската било наречено Подлес[4]. Под името Подлес во Европа постојат уште две други села: едно во Русија и едно во Бугарија.
Стопанство
Подлес во минатото било едно од поголемите села во општината Велес. Населението се занимавало со земјоделство - полједелство и сточарство (овчарство и пчеларство). Исто така доста било развиено и мелничарството. Во селото имало колонијална продавница и продавница за текстил, како и кројачка задруга. Во близина на селото се експлоатирал кус временски период и рудник за талк. Исто така кус период постоела и селска земјоделска задруга. Исто така постоела ковачка работилница, која се занимавала со производство на плугови за орање, алат за копање и обработка на земја, алат за дрво и др. Денес населението се занимава со земјоделство - сточарство (овчарство и пчеларство) .
Доселеници:Бошевци со Страчковци, Мишковци и Кунинци (24 к.) доселени се на почетокот од XVIII век од околината на Корча во Албанија; Левовци со Пецовци, Бинчевци, Маринци, Дановци, Гондевци и Домазетовци (24 к.) доселени се средината на XVIII век од селото Житолуп; Крајничани (3 к.) доселени се на крајот од XVIII век од селото Крајници; Ацевци (1 к.) доселени се во 1870 година од селото Сарамзалино во Овче Поле; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Грнчиште; Димитријовци (1 к.) доселени се од селото Војница; Таневци (1 к.) доселени се од селото Скачинци; Лазевци (1 к.) доселени се од селото Шивец.
Општествени установи
Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.
Во периодот 1952-1955 година, селото се наоѓало во тогашната Градска општина, во која покрај Подлес се наоѓале и селата Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Долно Чичево, Убого и Уланци. Самата Градска општина била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото се наоѓало во рамките на тогашната Општина Долно Чичево, во која покрај Подлес, се наоѓале и селата Водоврати, Долно Чичево, Горно Чичево и Крушевица.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2223 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски објект.[14]
Духовден — главна селска слава, при што доаѓаат многу гости од сите соседни села. Во минатото за време на славата се организирале игранки на неколку места во селото. Исто така, биле организирани и фудбалски натпревари, на кои учествувале екипи од Долно Чичево, Сирково и други соседни села. За време на славата имало традиција посета на сите куќи во селото.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.