Петков Дол — археолошко наоѓалиште во кочанското село Спанчево. Претставува населба од неолитско и римско време. На околу 1,5 км северно од селото има блага падина што се спушта кон левиот брег на потокот Киселица. На источната страна теренот преминува во рид. Во издолжениот простор, чија површина изнесува 200 × 700 м, поточно во нивите на селаните и на земјоделската задруга се среќаваат фрагменти од неолитска (вршничка) керамика и остатоци од градешен материјал од римското време.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 182. ISBN 9989649286.