Богатиница — археолошко наоѓалиште во кочанското село Жиганци. Претставува населба од неолитско и доцноантичко време. На 1 км јужно од селото, на пространа адина на левиот брег на Злетовска Река, на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови со претежно сива боја, а се откриени и темели од објекти градени од кршен камен и варов малтер, како и неколку питоси. Според кажувањето на селаните, бил најден и поголем бој монети.[1]
Поврзано
Наводи