Грамадски Рид — археолошко наоѓалиште во кочанското село Спанчево. Претставува градиште од доцноантичко време. На 4 км северно од селото, на висок рид со доминантна местоположба и зарамнет врв со површина од околу 300 × 200 м се гледаат остатоци од бедем, зачуван само во темелите. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 182. ISBN 9989649286.