Грамади — археолошко наоѓалиште во кочанското село Лепопелци, Општина Чешиново-Облешево. Претставува населба од доцноантичкото време.
На 500 м јужно од селото, на десната страна од патот што води за Ново Селани, на простор од 200 × 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во нивите има и неколку грамади од кршен камен и варов малтер.[1]
Поврзано
Наводи