Одрено — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Ранковце.
Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]
Според податоците од пописот во 2002 година во Одрено живеат 131 жител сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 87 жители, од кои 83 Македонци и 4 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Одрено се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнци, Гулинци, Лубинци, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.