Мето Јовановски (глумец)
Мето Јовановски (роден на 17 јануари 1946 во с. Панчарево , Пехчевско - починал на 16 ноември 2023 во Скопје ) — македонски театарски , филмски и телевизиски глумец .[ 1]
Биографија
Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија , Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје . Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип , каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.[ 2]
Театарски претстави
Што виде собарот од Џо Ортон, р. Тодорка Кондова-Зафировска , Драмски театар - Скопје 1971;
Задржливиот подем на Артуро Уи од Бертолт Брехт, р. Мјечисчав Ѓуркиевич, Драмски театар - Скопје 1972;
Човекот во бело - Ништо од Артур Копит, р. Слободан Унковски , Драмски театар - Скопје 1972;
Скриената шапка и празникот на правдата од Теодор Мазлиу, р. Љубиша Георгиевски , Драмски театар - Скопје 1972;
Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Љупчо Тозија , Драмски театар - Скопје 1973;
Јас, Клаудиј од Џон Мортимер, р. Слободан Унковски , Драмски театар - Скопје 1973;
И бол и Бес од Славко Јаневски , р. Димитрие Османли , Драмски театар - Скопје 1975;
Јаков Палтев - Егор Боличов и другите од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров , Драмски театар - Скопје 1975;
Директорот - Седмо, кради помалку од Дарио Фо, р. Димитар Станковски , Драмски театар - Скопје 1976;
Цар Едип од Софокле , р. Миле Корун, Драмски театар - Скопје 1976;
Хамлет - Хамлет од Вилијам Шекспир , р. Слободан Унковски , Драмски театар - Скопје 1977;
Офицер - Ослободување на Скопје од Душко Јовановиќ, р. Слободан Унковски , Драмски театар - Скопје 1978;
Стенли Ковалски - Транвај наречен желба од Тенеси Вилијамс, р. Димитрие Османли , Драмски театар - Скопје 1979;
Симон - Диво месо од Горан Стефановски , р. Слободан Унковски , Драмски театар - Скопје 1979;
Еригон - Еригон од Јордан Плевнеш , р. Љубиша Георгиевски , Драмски театар - Скопје 1982;
Бранко - Крамазови од Душко Јовановиќ, р. Паоло Маѓели, Драмски театар - Скопје 1984;
Валентин - Ивона Кнекиња од Витолд Гомрович, р. Владимир Цветановски, Драмски театар - Скопје 1984;
Марко Филиповиќ - Југословенска антитеза од Јордан Плевнеш , р. Љубиша Георгиевски , Драмски театар - Скопје 1985;
Цибра - Тетовирани души од Горан Стефановски , р. Паоло Маѓели, Драмски театар - Скопје 1985;
Патувачкиот театар Шопалович од Љубомир Симовиќ, р. Васил Ќортошев , Драмски театар - Скопје 1986;
Робеслјер - Смртта на Дантон од Георг Бихнер, р. Петер Вечек, Драмски театар - Скопје 1987;
Франц - Стапица од Тадеуш Ружевич, р. Богдан Хусаковски, Драмски театар - Скопје 1987;
Ало Будење од Зафир Хаџиманов , р. Коле Ангеловски , Драмски театар - Скопје 1990;
Војдан - Крик од Блаже Миневски, р. Владимир Милчин , Македонски народен театар 1991;
Актерот - Розенкранц и Гилдерстен се мртви од Том Стопард, р. Златко Славевски, Драмски театар - Скопје 1994;
Порфириј Петрович - Злосторство и казна од Фјодор Достоевски , р. Егон Савин. Македонски народен театар 1994;
Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински , р. Сашо Миленковски , Македонски народен театар 1995;
Ни ќар ни зијан од Братислав Димитров , р. Димитар Станковски , Драмски театар - Скопје 1996;
Вања - Вујко Вања од Антон Павлович Чехов , р. Димитар Станковски , Драмски театар - Скопје 1997;
Арсе - Писание од Живко Чинго , р. Бранко Ставрев , Македонски народен театар 2002;
Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан. Р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004;
Галеб од Антон Павлович Чехов , р. Дејан Пројковски, Театар Куманово 2005;
Кајмакамот — Лет во место од Горан Стефановски , р. Слободан Унковски , Драмски театар - Скопје 2005;
Кино љубов од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи , Драмски театар - Скопје 2007;
Коза или која е Силвија од Едвард Олби, р. Владо Цветановски , Драмски театар - Скопје 2008;
Комшилук наопаку од Нина Митровиќ, р. Нени Делместре, Драмски театар - Скопје 2008;
Моето име е Горан Стефановски, од Горан Стефановски , р. Бранислав Миќуновиќ, Драмски театар - Скопје 2022.
Филмографија
Мето Јовановски на Филмските средби во Ниш, 1984 г. (прв од лево)
Награди
Пет пати прогласен за Глумец на годината според списанието „Екран “;
Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ;
Четири пати Лауреат на наградата „Милтон Манаки“
Награда на Град Скопје - „13 Ноември “
Републичка Награда „11 Октомври“ за поединечно глумечко остварување (1980)
Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата (1982);
Државна награда на Република Македонија - Награда „Св. Климент Охридски“
Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС ), двапати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“;
Златна маска од весникот „Вечер “ за улогата на Порфирие во „Злосторство и казна “ (Охридско лето )
Две Гран-при награди на Филмскиот фестивал во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49 “ и „Тетовирање “
Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ “, на Филмскиот фестивал во Ниш ;
Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања
Златна клапа во Белград , за придонес во филмската уметност
Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека , за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани “ од Горки , во режија на Паоло Маџели , работена во Црногорски народен театар;
Награда „11 Октомври“ за особено за особено сначајни остварувања од областа на уметноста 2001 година
Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку “, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит , 2008
Мето Јовановски е почесен член на Црногорски народен театар ;
Награда на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ - 2008 , за најдобро глумечко остварување во претставата „Коза , или која е Силвија“ од Едвард Олби , во режија на Дино Мустафиќ , Драмски театар.
Награда „Петре Прличко“ - 2010
Награда „Св. Јоаким Осоговски“ - 2013
Награда за животно дело Војдан Чернодрински 2015
Награда „Омаж“ 2019
Награда Киненова за особен придонес во филмската уметност 2021
Награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир - „Златен чадор“ 2022
Награда на фестивалот „Јоаким Фест“ за претставата „My name is Goran Stefanovski “ 2022
Наводи
Надворешни врски