Мајка Тереза — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.
На лицето, во средишниот дел на монетата е претставен Грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
На позадината, во средишниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во облик на крстови и срца. Во долниот дел, од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски исусовски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (Света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза на македонски и на албански јазик.[1]
Вага (2014) • Девица (2014) • Јарец (2014) • Лав (2014) • Скорпија (2014) • Стрелец (2014) • Бик (2015) • Близнаци (2015) • Водолија (2015) • Овен (2015) • Рак (2015) • Риби (2015) • Бик (2018) • Близнаци (2018) • Водолија (2018) • Јарец (2018) • Овен (2018) • Риби (2018) Рак (2018) • Лав (2018) • Девица (2018) • Вага (2018) • Скорпија (2018) • Стрелец (2018)
Кирил и Методиј - 100 денари (2014) • Кирил и Методиј - 1.000 денари (2014) • Свети Никола Чудотворец (2016) • Света Матрона Московска (2017)
Свети Никола Чудотворец (2018) • Свети Серафим Саровски (2018) • Свети Сергиј Радонежски (2018) • Свети Пантелејмон (2018)
Александар (2015) • Ана (2015) • Владимир (2015) • Димитар (2015) • Елена (2015) • Наталија (2015) • Олга (2015)
Владимирска (2016)
Мајка Тереза (2016)
Богородица (2017) • Исус Христос (2017) • Свети Никола Чудотворец (2017)
Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија (2014) • 50 години од Македонската академија на науките и уметностите (2017) • Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија (2017) • Ветроказ со петел (2017) • Петел со ангел (2017) • Руски лавиринт (2017) • Година на кучето - безбедна година на кучето (2018) • Година на кучето - богата година на кучето (2018) • Тркало на среќата (2018) • Деловен успех и среќа (2019) • Вештачка интелигенција (2019) • Среќен роденден (2019)