На лицето од монетата е претставена слика на манастирот „Свети Наум“ во Охрид и седум светци над него - светите Кирил и Методиј и нивните пет ученици. На долниот дел од монетата има натпис „Република Македонија“ на македонски јазик. На горниот дел, на десната страна, е прикажан Грбот на Република Македонија, а на левата страна е прикажан апоен од „1000 денари“ на македонски јазик. Во средината, во горниот дел е претставена годината на издавање „2014“, а во средниот десен дел од монетата има ознака „Ag925“ и „500 g“.
Опачина
Главната содржина на опачината е портрет од Свети Кирил и Свети Методиј, а над нив се претставени нивните имиња во сребрен натпис „Св. Методиј“ на левата страна и „Св. Кирил“ на десната страна со кирилско писмо на македонски јазик. Периметарот на опачината е затворен со украсни црти во златна боја.