На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Лав. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Опачина
Во горниот дел од опачината е претставена слика на лав од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на хороскопскиот знак Лав и неговото соѕвездие се претставени и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Лав. Во долниот дел е претставена златна слика на лав на позадина од цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – „LEO“ и ознаката „Ag925“.[1]