Историска (црвено) и сегашна (сино) распостранетост на лавот.
Распростанетост на лавови во Индија: Шумата Гир, во Гуџарат, е последниот природен опсег од околу 400 диви азиски лавови. Се планира да се пренесат некои од лавовите во светилиштето „Kuno Wildlife“ во близина на Мадја Прадеш.
Лав (науч. Panthera leo), архаичноарслан[1][2] — една од четирите големи мачки од родот пантери, и член на семејството мачки. Некои машки примероци надминуваат 250 кг во тежина, со што лавот е втора најголема мачка која живее на земјата по тигарот. Дивите лавови живеат слободно во природата во Потсахарска Африка, и во Азија со критично загрозено население во северозападна Индија, а во минатото лавови живееле во Северна Африка, Блискиот Исток, и Западна Азија. Сè до доцниот плеистоцен, кој траел до пред 10,000 години, лавот бил најраширен копнен цицач по човекот. Тие се најдени во поголем дел од Африка, голем дел од Евроазија од Западна Европа до Индија, и во Америка од Јукон до Перу.
Лавот во природа живее од 10 до 14 години, додека во заробеништво може да живее над 20 години. Во дивина, машките лавови честопати живеат подолго од 10 години, иако борбите со соперниците предизвикуваат повреди. Лавот живее во саваната и тревници, иако може да се најде и во грмушки и во шума. Лавовите се необично друштвени животни во споредба со другите мачки. Група женски лавови обично ловат заедно.
Етимологија
Англискиот збор lion потекнува од латинскиот: leo[3] и старогрчкиот: λέων (леон).[4] Зборот лави (хебрејски: לָבִיא) исто така може да биде поврзан.[5]Родното име пантера се следи на класичниот латински збор „panth'ra“ и старогрчкиот збор πάνθηρ (пантер).[6] Пантера е фонетски сличен на санскритскиот збор पाण्डर (панд-ара) што значи бледо жолта, белузлава, бела.[7]
Таксономија
Felis leo било научното име што го користел Карл Линеј во 1758 година, кој го опишал лавот во своето дело „Систем на природата“.[8] Името на родотPanthera (пантери) било смислено од Лоренц Окен во 1816 година.[9] Помеѓу средината на 18 и средината на 20 век, 26 примероци лавови биле опишани и предложени како подвидови, од кои 11 биле признати за валидни во 2005 година.[10] Тие се одликувале претежно по големината и бојата на гривата и кожата.[11]
Меѓудејстувања со луѓе
Во зоолошки
Лавовите се дел од група егзотични животни кои се од средишно значење за изложбите во зоолошката градина уште од крајот на 18 век. Иако многу современи зоолошки градини се повеќе одбирачки во однос на нивните изложувања,[12] има повеќе од 1,000 африкански и 100 азиски лавови во зоолошките градини и парковите за диви животни ширум светот. Тие се сметаат за амбасадорски видови и се чуваат заради туризам, образование и зачувувачки цели.[13] Лавовите можат да живеат над дваесет години во заробеништво; лав во зоолошката градина во Хонолулу починал на 22-годишна возраст во август 2007 година.[14] Неговите две сестри, родени во 1986 година, исто така достигнале 22 години.[15]
Првите европски „зоолошки градини“ се ширеле меѓу благородни и кралски семејства во 13 век, и сè до 17 век биле нарекувани сераглии/сараи; во тоа време тие почнале да се нарекуваат менажерии, продолжение на кабинетот за љубопитствата. Тие се прошириле од Франција и Италија за време на ренесансата до остатокот од Европа.[16] Во Англија, иако сарајската традиција била помалку развиена, лавовите биле чувани во Лондонската Кула во сарај основан од кралот Џон I во 13 век;[17][18] ова веројатно било исполнето со животни од претходната менажерија започната во 1125 година од Хенри I во неговата ловна куќа во Вудсток, Оксфордшир, каде што според летописецот Вилијам Малмсбериски биле доведени лавови.[19]
Лавовите биле чувани во тесни и лоши услови во зоолошката градина Лондон сè додека во 1870-тите не бил изграден поголем дом за лавови со пошироки кафези.[20] Понатамошните промени се случиле на почетокот на 20 век кога Карл Хагенбек дизајнирал домови со бетонски „карпи“, поотворен простор и ров наместо решетки, што повеќе личи на природно живеалиште. Хагенбек дизајнирал домови за лавови и за зоолошката градина Мелбурн и за зоолошката градина Таронга во Сиднеј; иако неговите дизајни биле популарни, употребата на решетки и кафезни затворени простори преовладувала во многу зоолошки градини до 60-тите години на минатиот век.[21] Кон крајот на 20 век, поголемите, поприродни куќишта и употребата на жичана мрежа или ламинирано стакло наместо спуштени дупчиња, им овозможија на посетителите да им се приближат повеќе од кога било на животните; некои знаменитости, како што се мачјата шума/лавовското надгледалиште во зоолошкиот парк во Оклахома Сити, го поставиле дувлото на ниво на земјата, повисоко од посетителите.[22]
Лавот како тема во уметноста и во популарната култура
„Како петелот се тепал со лавот“ – приказна на африканското племе Акамба.[23]
„Опашката на лавот“ – приказна на африканското племе Коса.[24]
„Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[25]
„Во царството на животните“ — краток расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.[26]
„Лавот и глушецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[27]
„Лавот и бикот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[28]
„Лавот, петелот и магарето“ - басна на Емброуз Бирс.[29]
„Лавот и глушецот (2)“ - басна на Емброуз Бирс.[30]
„Што сонува лавот“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[31]
↑Lewis, C. T.; Short, C. (1879). „lĕo“. A Latin Dictionary. Founded on Andrews' edition of Freund's Latin dictionary (Revised, enlarged. изд.). Oxford: Clarendon Press.
↑Liddell, H. G.; Scott, R. (1940). „λέων“. A Greek-English Lexicon (Revised and augmented. изд.). Oxford: Clarendon Press. стр. 1043. Архивирано од изворникот на 2021-02-24. Посетено на 2021-04-20.
↑Simpson, J.; Weiner, E., уред. (1989). „Lion“. Oxford English Dictionary (2. изд.). Oxford: Clarendon Press. ISBN978-0-19-861186-8.
↑Liddell, H. G.; Scott, R. (1940). „πάνθηρ“. A Greek-English Lexicon (Revised and augmented. изд.). Oxford: Clarendon Press. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
↑Macdonell, A. A. (1929). „पाण्डर pând-ara“. A practical Sanskrit dictionary with transliteration, accentuation, and etymological analysis throughout. London: Oxford University Press. стр. 95. Архивирано од изворникот на 2021-03-08. Посетено на 2021-04-20.
↑Linnaeus, C. (1758). „Felis leo“. Caroli Linnæi Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I (decima, reformata. изд.). Holmiae: Laurentius Salvius. стр. 41. (латински)
↑Oken, L. (1816). „1. Art, Panthera“. Lehrbuch der Zoologie. 2. Abtheilung. Jena: August Schmid & Comp. стр. 1052.
↑Dollinger, P.; Geser, S. „Lion: In the Zoo (subpage)“. Visit the Zoo. WAZA (World Association of Zoos and Aquariums). Архивирано од изворникот на 29 септември 2011. Посетено на 20 април 2021.
↑Grisham, J. (2001). „Lion“. Во Bell, C. E. (уред.). Encyclopedia of the World's Zoos. 2: G–P. Chicago: Fitzroy Dearborn. стр. 733–739. ISBN978-1-57958-174-9.
↑Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 145-147.
↑Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 168-169.
↑Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 352.