Мартинец — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Журче. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 2 км во правецот на селото Острилци, каде при обработувањето на нивите мештаните наидувале на ѕидови градени од камен и кал, питоси и др. Во еден питос биле најдени стари пари. Постои предание дека на ова место се наоѓало некогашното село Журче. Монетите не се зачувани.[1]
Поврзано
Наводи