Кале или Град — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Зашле. Претставува утврдена населба од средниот век. Се наоѓа на 2 км источно од селото, на ритче високо околу 300 м и со извонредна стратегиска положба. Калето има форма на неправилен четириаголник со димензии: 100 м во правецот исток-запад и 50 м во правецот север-југ. Оградено е со два одбранбени ѕида широки околу 2 м. По површината има градежен материјал, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови. Откриени се делови од инсталација на водовод кој доаѓал од месноста Краста што е во непосредната близина.[1]
Поврзано
Наводи