Над Селото или Стара Црква — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Прибилци. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 100 м северно од селото, на благата падина на која е изграден денешниот водосклад, каде се наоѓа грамада од градежен материјал од црква. Околу неа се забележуваат камени плочи од гробни конструкции.[1]
Поврзано
Наводи