Леска — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Кутретино. Претставува населба од средниот век. Според зачуваната легенда, на ова место се наоѓала голема населба под името Лескоец или Леска или, како што мештаните ја нарекуваат уште, Старо Кутретино. Во неа имало многу богата црква што ја уништиле Туците. Столбовите и камените блокови биле однесени во селото Гопеш и вградени во тамошната црква.[1]
Поврзано
Наводи