МРТ сат (MRT Sat, поранешно име: МКТВ сат, MKTV Sat) односно Сателитска програма на Македонската телевизија) — сателитскиот канал на Македонската радио-телевизија. Пуштена во етерот е на 30 април 2000 година точно на Велигден.
На 30 април 2000-та, токму на ден Велигден, со огромна симболика во чинот, започна емитувањето на Сателитскиот канал на МРТ. МРТ Сат емитува непрекинато 24-часовна програма за Европа, Средоземните земји, Северна Африка, Источна Азија и за Австралија, што претставува избор од програмите на МРТ, како и оригинална програма во траење од 0,5 часа. МРТ Сат е етнички канал наменет за сите Македонци кои живеат надвор од матичната земја, но, воедно, тој претставува и најрепрезентативонто македонско комуникациско средство кое е достапно до најразновидна милионска публика во светот.