Радио Kiss e радио канал од Тетово, Македонија. Радиото емитува програма од 1993 и е во склоп на ТВ Kiss.
Телевизискиот сигнал на ТВ Кисс ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенцијални гледачи.
Радиото емитува 24 -часовна програма, главно музика и рекламни спотови и соопштенија, но и информативна и друга програма. Радио Кисс, со повремени прекини, се емитува на интернет повеќе од 10 години. Исто како и телевизијата и Радио Кисс е во целост во приватна сопственост и се издржува преку својата понуда на медиумскиот пазар.[1].