Фокус (списание)

Фокус
ТипНеделен весник
ФорматБ2
УредникЈадранка Костова
Јазикмакедонски
СедиштеВасил Главинов бр. 14-1/13, 1000 Скопје
СтраницаОнлајн издание

Фокус — македонско списание, кое излегува неделно, а претежно обработува политички теми. Списанието го издава трговското друштво Д.Н.И.Д „Медиа Плус Фокус“ од Скопје.

Историја

Иницијативата за издавање на неделникот „Фокус“ датира од пролетта 1995 година, но излегувањето се одложило за јуни поради финансиските проблеми. Имено, и покрај договорот парите за печатење на првиот број на „Фокус“ да ги обезбеди Фондацијата „Институт Отворено Општество - Македонија“, таа ја откажала поддршката, така што неделникот започнал да излегува со помош на донацијата на Шведската кралска фондација во износ од 100.000 германски марки.[1] Првиот број на неделникот „Фокус“ излегол на 23 јуни 1995 година, а под водство на сопственикот Никола Младенов излегле 925 броја. По смртта на основачот и сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов, списанието не излегувало речиси четири месеци, но потоа продолжило неговото редовно издавање. На 5 декември 2014 година излегол 1.000-тиот број на „Фокус“.[2][3][4]
За своите критички напади кон власта, новинарите на „Фокус“ неколкупати биле осудуван и казнувани. Првата тужба дошла од министерот Јане Миљовски, поради текстот за неговата вила покрај црквата Св. Софија во Охрид, при што новинарот Војо Додевски бил осуден на глоба од 30.000 денари.[5] Подоцна, за клевета против Бранко Црвенковски и Хари Костов, Никола Младенов бил осуден на глоба во висина од 30.000 и 20.000 евра, соодветно.[6] Летото 1998 година, сопственикот и главен уредник на „Фокус“, Никола Младенов бил претепан од непознати лица, кои никогаш не биле откриени од полицијата.[7]
Во „Фокус“ работеле или пишувале голем број познати новинари во Македонија, како: Исо Руси, Антонио Спасев, Дарко Јаневски, Никола Тасев, Жанета Трајкоска, Миленко Неделковски, Мирка Велиновска, Бранко Героски, Драган Павловиќ - Латас итн.[5]
На 27 март 2013 година, во сообраќајна несреќа загинал основачот и сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов.[8]

Менаџмент и организација

Од 1995 до 1998 година, функцијата уредник на „Фокус“ ја извршувал Зоран Димитровски, а од 1998 до 2002 година - Теофил Блажевски, додека во 2003 година оваа функција ја презела Јадранка Костова.[9] Есента 2016 година, дотогашниот директор Младен Чадиковски го напуштил списанието, така што, наместо него, за директор била поставена Јадранка Костова, додека главен и одговорен уредник станал Зоран Димитровски, кој на таа функција ја замеил Костова.[2][10]

Во 2014 година, адресата на списанието „Фокус“ била на булеварот „Климент Охридски“ бр. 54/2-1, 1000 Скопје,[2] додека во 2016 година, седиштето се наоѓало на следнава адреса: „Васил Главинов“ бр. 14-1/13, 1000 Скопје.[10]

Мото на списанието

Долго време, „Фокус“ излегувал под мотото „неделник на внатрешниот, а богами и на надворешниот непријател“.[11] По смртта на сопственикот, Никола Младенов, како мото на „Фокус“ е ставена една негова изјава, насловена како „Колку чини слободата“, а која гласи:[2]

Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници. И тука нема компромис.“

Наводи

  1. Зоран Димитровски, „Фокус беше слободен и за непријателите на слободата“, Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 10.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 3.
  3. Александар Димитров, „Со Никола Младенов - 925“, Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 16-17.
  4. Александар Димитров, „Нема бегање од нова истрага“, Фокус, број 1016, 27 март 2015, стр. 10-13.
  5. 5,0 5,1 Зоран Димитровски, „Фокус беше слободен и за непријателите на слободата“, Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 11.
  6. Јадранка Костова, „Од Никола до Никола... Има разлика!“, Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 6.
  7. Зоран Димитровски, „Фокус беше слободен и за непријателите на слободата“, Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 14.
  8. Александар Димитров, „Со Никола Младенов - 925“, Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 16.
  9. Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 5.
  10. 10,0 10,1 Фокус, број 1104, 2 декември 2016, стр. 5.
  11. Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 10.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!